Потребни документи се:
- Барање Образец бр-1 (специјализирана мед. рехабилитација)
- отпусно писмо за завршено болничко лекување од здравствената установа каде е извршено болничкото лекување
- конзилијарно мислење од соодветна болничка здравствена установа во која се лекувало осигуреното лице
- наод, оценка и мислење од лекарска комисија
- здравствена легитимација на увид
Напомена: Правото на специјализирана медицинска рехабилитација се остварува во рок од два месеца по завршеното болничко лекување, односно во рок од шест месеци по прележан инфаркт на срцето.