Решение за утврдување на право на надоместок на плата по основ на боледување( болест/повреда/нега)

Потребни документи се:

  • Барање Образец бр-2 (надоместок на плата- болест/повреда/нега)
  • копија од М1/М2; договор за работа ако од М1/М2 пријавата не може да се утврди видот на работниот однос (определено или неопределено), а за управители- решение од Централен регистар
  • извештај за привремена спреченост за работа- Образец ИСР ( од избран лекар)
  • наод, оцена и мислење од лекарска комисија
  • отпусно писмо за болничко лекување; потврда за висината на исплатената нето плата на осигуреникот- образец НП-1
  • платни списоци( исплатна листа) на увид со копија од декларација од УЈП и извод за исплатена плата ( се до воспоставување на целосна електронска комуникација со УЈП)
  • изјава заверена на нотар за жиро сметките на правното лице и копија од изводи на жиро сметки ( за правно лице со еден вработен)