Потврда - Двојазичен образец за користење на здравствени услуги (давања во натура) за време на постојан престој (живеење) во држава со која РМ има склучено (преземено) договор за социјално осигурување

Врз основа на потврдата, членовите на семејство на активни осигуреници, пензионерите и нивните членови на семејство, можат да користат бесплатни здравствени услуги (давања во натура) за време на постојан престој (живеење) во земји со кои Република Македонија има склучено (преземено) договор за социјално осигурување

Потребни документи се:

  • Поднесено барање
  • потврда за одјава со постојано место на живеење од Република Македонија, издадена од МВР
  • уверение за престој - издадено од странската држава (во случај барањето за престој да е во постапка) или копија од лична карта издадена од странската држава (во случај барањето за престој да е конечно)
  • потврда за пренос (трансфер) на пензија од Фондот за ПИОМ (не е задолжително, пензионерот може да овласти лице во РМ за подигање на пензијата)
  • потврда за платен придонес за задолжително здравствено осигурување