Потврда – двојазичен образец за користење на бесплатна итна медицинска помош (за право на давање во натура) за време на привремен престој во странство

Потврдата се издава во случај кога осигуреното лице привремено престојува во странство (приватно или службено). Врз основа на потврда што ја издава подрачната служба на Фондот, осигурените лица можат да користат бесплатна итна медицинаска помош во земји со кои Република Макединија има склучено договор за социјално осигурување.

Потребни документи се:

  • барање од осигуреното лице
  • потврда за здравствената состојба издадена од избран лекар ( општ и гинеколог за жени)
  • наод, оценка и мислење од лекарската комисија на Фондот
  • потврда за платен придонес
  • доказ за привремениот престој во странство (потврда за упис на редовна школска година, односно упис на семестар -при редовно школување, студиски престој и слично)