Потврда за користење на здравствени услуги на работници упатени на привремена работа во странство (деташирани работници)

Осигуреник кој од работодавачот е упатен на привремена работа во странство, може да користи здравствени услуги во странство врз основа потврда што ја издава подрачната служба на фондот.

Потребни документи се:

  • поднесено барање од работодавачот за упатување на работници на работа во странство Образец бр. 2
  • решение за упатување на осигуреникот на привремена работа во странство;
  • лекарско мислење за здравствената состојба на осигуреникот што го издава здравствената установа која врши дејност на медицина на трудот
  • согласност за упатување на работници на привремена работа во странство издадена од органот на управата надлежен за работни односи, односно од Министерството за труд и социјална политика (важи само за испратени работници на привремена работа во СР Германија)
  • потврда за платен придонес за здравствено осигурување
  • здравствена легитимација на увид