
ХI. ПРАВО НА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД УЧЕСТВО ВО ТРОШОЦИ НА ЗДРАВСТВЕНИ УСЛУГИ ВО СПЕЦИЈАЛИСТИЧКО - КОНСУЛТАТИВНА И БОЛНИЧКА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА
Правото на ослободување од учество во трошоци на здравствени услуги во специјалистичко - консултативна и болничка здравствена заштита осигуреното лице го остварува со поднесување на барање ( образец бр.7 ослободување од партиципација) комплетирано со следните документи:
- потврда за платен износ на партиципација во здравствената установа;
- отпусно писмо;
- спецификација (пресметка) за извршени здравствени услуги од соодветната здравствена установа;
- доказ за вкупните примања во семејството на осигуреникот (примања од плати, пензии, вршење на дејност и сл.);
- извод на родени за деца од 1-5 години (копија);
- лична карта за осигуреници над 65 години (копија),
- здравствена легитимација на увид.