ПРАВА ОД БОЛНИЧКА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА

IV. ПРАВA OД БОЛНИЧКА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА

Кога поради природата на заболувањето не е можно со успех да се спроведе амбулантно или домашно лекување осигуреното лице се упатува на болничко лекување во најблиската здравствена установа која врши соодветна болничка здравствена заштита.

Болничкото лекување се остварува врз основа на упат од избраниот лекар на осигуреното лице.

На болничко лекување може да биде примено осигуреното лице и без упат ако е итен случај, односно ако е упатен од лекар што пружил итна медицинска помош.

Упатот за болничко лекување важи најмногу 30 дена  денот на издавањето од избраниот лекар.

Болничката здравствена установа во која е упатено осигуреното лице на лекување при приемот утврдува дали постои медицинска индикација за болничко лекување.

Ако постои медицинска индикација за болничко лекување, болничката здравствена установа е должна на осигуреното лице да му обезбеди сместување и лекување во најкраток можен рок, а во итните случаи веднаш.

Ако болничката здравствена установа утврди дека болничкото лекување не е неопходно, должна е за тоа да го извести осигуреното лице и избраниот лекар со образложен предлог и мислење за понатамошно лекување.

Мајка на хоспитализирано дете до една годишна возраст има право на сместување и исхрана во болницата како придружник, најмногу до 30 дена. Како придружник на хоспитализирано дете до три годишна возраст, поради потешко оштетување е неопходно придружување, еден од родителите или член на семејството има право на болничко сместување и исхрана најмногу до 30 дена, заради нега и оспособување за рехабилитација во домашни услови.


Ако осигуреното лице се наоѓа во болничка установа, а се оцени дека поуспешно и посоответно може да се лекува во друга болничка установа, се упатува со итерболнички односно интерклинички упат.


По завршеното болничко лекување болничката здравствена установа на осигуреното лице му дава отпусно писмо и совет, а на избраниот лекар упатство за понатамошно лекување.

Интерболнички, односно интерклинички упат не може да се издаде кога осигуреното лице се упатува на медицинска рехабилитација.

Осигуреното лице ја потпишува фактурата за извршените здравстени услуги, а болничка здравствена установа е должна да му издаде копија од фактурата што ја доставува до Фондот.

Осигуреното лице е должно со отпусното писмо лично или преку член на семејството да се јави на избраниот лекар веднаш, односно во рок од 5 дена.

Во  болничка здравствена заштита осигуреното лице  може да оствари:

  • испитување и лекување на болните и повредените со примена на медицински знаења, вештини, методи и средства за лекување, оперативно лекување, лекување со примена на методи на физикална медицина, медицинска рехабилитација, совети, медицинска нега и прифатени методи на традиционалната медицина во болнички услови, со цел заздравување и подобрување на здравствената состојба;
  • лекови, помошни материјали кои служат за примена на лековите и санитетски и други помошни медицински материјали потребни за лекување и
  • сместување и исхрана во стандардни болнички услови


Шифрарник на болници кои имаат договор за работа со ФЗОМ

Начин како осигуреното лице да користи болничка  здравствена заштита