Предности од користење на порталот

Споредувајќи го работењето со користење на хартија во однос на е-услугите на порталот можеме да кажеме дека истиот нуди многу предности:

За осигурениците

  • Можност за брз електронски пристап до податоци за своето здравствено осигурување
  • Можност за брз електронски пристап до податоци за своите избрани лекари и податоци врзани за нив
  • Можност да изберете лекар и веднаш да користите здравствена услуга доколку поседувате електронска здравствена картичка

За фирмите

  • Можност пријавата во здравствено осигрување да ја направите од канцеларија наместо да чекате на шалтерите во подрачните служби
  • Пријавата можете да ја направите без лимит во работното време, бидејќи порталот е достапен 24/7
  • Можност за мониторирање на поднесените барања преку портал
  • Можност за брз електронски пристап до податоци

За здравствените установи и здравствените работници

  • Можноста за брза проверка на здравственото осигурување за пациентите кои користат здравствени услуги во нивната установа кои поседуваат електронска здравстевна картичка
  • Можност за е-промена на избран лекар за осигурениците кои поседуваат електронска здравствена картичка