ПРЕВОЗ СО САНИТЕТСКО ВОЗИЛО

I. ПРАВА ОД ПРИМАРНА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА

Г) ПРЕВОЗ СО САНИТЕТСКО ВОЗИЛО

Санитетско возило може да се користи и кога не се работи за итен случај, а болниот односно повредениот поради неподвижност или ограничена подвижност не може да користи превоз со јавниот сообраќај.

Потребата за превоз со санитетско возило ја утврдува избраниот лекар односно надлежниот лекар од соодветната болничка здравствена установа.

Превоз со санитетско возило може да се користи и во случаи кои се однесуваат за лекување во странство, по предлог на лекарската комисија за упатување на лекување во странство, односно надлежниот лекар во болничката здравствена установа во странство.