
В-1) ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ ВО СТРАНСТВО ВО ЗЕМЈИ СО КОИ ИМА ДОГОВОР ЗА СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ
Осигурените лица кои привремено престојуваат (привано или службено, студиски престој, школување и стручно усовршување, престој во врска со меѓународно - техничка, научна и културна соработка и сл.), во земји со кои Република Македонија има склучено меѓународен договор за социјално осигурување, можат да користат бесплатна итна медицинска помош, врз основа на потврда што ја издава подрачната служба на Фондот, каде што е поднесена пријавата за задолжително здравствено осигурување.
Постапката за издавање на потврдата се поднесува по барање на осигуреното лице.
Кон барањето осигуреното лице ги приложува следните документи:
- потврда за здравствената состојба, издадена од избраниот лекар
- наод, оценка и мислење на лекарската комисија на Фондот
Ознака на потврдите, двојазични обрасци, кои ги издава подрачната служба на Фондот по земји се наведени (тука)
Потврдата не се издава на осигурени лица за кои е утврдено дека боледуваат од акутни болести или акутни влошувања кај хронични болести.
В -2) КОРИСТЕЊЕ НА ИТНА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ ВО ЗЕМЈИ СО КОИ НЕМА ДОГОВОР ЗА СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ ИЛИ ИСТИОТ НЕ БИЛ ИСПОЧИТУВАН
Осигуреното лице кое привремено престојува во странство (приватно или службено патување, студиски престој, школување и стручно усовршување, престој во врска меѓународна - техничка, научна и културна соработка и сл.) може да користат само итна медицинска помош.
Како итна медицинска помош се смета користење на здравствени услуги кои се неопходни за отстранување на непосредната опасност по животот и здравјето на осигуреното лице, додека трае таа опасност.
Итноста на случајот, времетраењето на итноста и здравствените услуги потребни за отстранување на непосредната опасност по животот и здравјето на осигуреното лице ја цени лекарската комисија на Фонодот врз основа на медицинската документација на странската здравствена установа.
Осигуреното лице кое користи здравствена заштита во итен случај е должно по завршувањето на итноста да се врати за да го продолжи лекувањето во земјата.
Ако по завршувањето на итноста осигуреното лице не се врати навреме во земјата и го продолжи лекувањето во странство, за тој период трошоците паѓаат на негов товар.
Надомест на трошоците за платените здравствени услуги во итни случаи за време на привремен престој во странство, осигуреното лице остварува врз основа на барање.
Кон барањето (образец 3 лекување во странство) осигуреното лице ги приложува следните документи:
- мислење од лекарката комисија на Фондот за итноста на случајот и времетраењето на итноста
- медицинска документација за извршените здравствени услуги во странство со превод од овластен преведувач
- сметки (фактури) за платени здравствени услуги со фискална сметка со превод од овластен преведувач
- потврда за платен придонес за задолжително здравствено осигурување
- здравствена легитимација на увид
Здравствените услуги Фондот ги признава во полн износ, намалени за пропишаното учество за лекување во странство.