
Видови на решенија за остварување на права и услуги од задолжително здравствено осигурување и потребна документација
Потребни документи се:
- Барање Образец бр-1 (специјализирана мед. рехабилитација)
- отпусно писмо за завршено болничко лекување од здравствената установа каде е извршено болничкото лекување
- конзилијарно мислење од соодветна болничка здравствена установа во која се лекувало осигуреното лице
- наод, оценка и мислење од лекарска комисија
- здравствена легитимација на увид
Напомена: Правото на специјализирана медицинска рехабилитација се остварува во рок од два месеца по завршеното болничко лекување, односно во рок од шест месеци по прележан инфаркт на срцето.
Потребни документи се:
- Барање Образец бр-2 (надоместок на плата- болест/повреда/нега)
- копија од М1/М2; договор за работа ако од М1/М2 пријавата не може да се утврди видот на работниот однос (определено или неопределено), а за управители- решение од Централен регистар
- извештај за привремена спреченост за работа- Образец ИСР ( од избран лекар)
- наод, оцена и мислење од лекарска комисија
- отпусно писмо за болничко лекување; потврда за висината на исплатената нето плата на осигуреникот- образец НП-1
- платни списоци( исплатна листа) на увид со копија од декларација од УЈП и извод за исплатена плата ( се до воспоставување на целосна електронска комуникација со УЈП)
- изјава заверена на нотар за жиро сметките на правното лице и копија од изводи на жиро сметки ( за правно лице со еден вработен)
Потребни документи се:
- Барање Образец бр-3 (надоместок на плата- бременост, раѓање и мајчинство)
- копија од М1/М2; договор за работа ако од М1/М2 пријавата не може да се утврди видот на работниот однос ( определено или неопределено), а за управители- решение од Централен регистар
- извештај за привремена спреченост за работа -Образец ИСР ( од избран лекар)
- потврда за висината на исплатената нето плата на осигуреникот- образец НП-1
- извод од книгата на родените за детето (копија)
- решение за адаптација- посвојување од Центарот за социјални работи за посвоено дете
- платни списоци( исплатна листа) на увид со копија од декларација од УЈП и извод за исплатена плата ( се до воспоставување на целосна електронска комуникација со УЈП)
- изјава заверена на нотар за жиро сметките на правното лице и копија од изводи на жиро сметки ( за правно лице со еден вработен)
Потребни документи се:
- Барање Образец бр-4 (Патни трошоци)
- потврда за бројот на извршени здравствени услуги во претходниот календарски месец, издадена од здравствената установа каде се извршени здравствените услуги
- потврда од здравствената установа каде е извршена хемодијализата дека нема организиран превоз
- здравствена легитимација на увид
Потребни документи се:
- Барање Образец бр-5 ( надомест на лекови)
- рецепт за пропишан лек од избран лекар
- извештај од специјалист ( субспецијалист) или отпусно писмо со назначена терапија, ако лекот се пропишува по предлог на специјалист односно субспецијалист
- потврда од здравствената установа со датум на аплицирање ако се работи за лек во ампуларна терапија
- три потврди за дефицитарност на лекот од различни аптеки
- фискална сметка и сметкопотврда ( во оригинал) од аптеката која го издала лекот
- здравствена легитимација на увид
Потребни документи се:
- Барање Образец бр-5 (надомест на лекови)
- извештај или отпусно писмо со назначена терапија (согласно режимот на препишување означен во Листата на лекови)
- Потврда од здравствената установа за апликација на лекот, согласно Листата на лекови, ако се работи за лек во ампуларна форма
- конзилијарно мислење, доколку е потребно согласно режимот на препишување на лекот утврден во листата на лекови
- фискална сметка и сметкопотврда ( во оригинал) од аптеката која го издала лекот
- здравствена легитимација на увид
Потребни документи се:
- Барање Образец бр-6 (надомест на вградени материјали)
- отпусно писмо ( копија)
- сметкопотврда ( фактура) за набавениот материјал со фискална сметка, во оригинал
- здравствена легитимација на увид
Потребни документи се:
- Барање Образец бр-7 ( ослободување од партиципација)
- потврда за платен износ на партиципација во здравствената установа (фискални сметки, фактура)
- отпусно писмо
- спецификација (пресметка) за извршени здравствени услуги од соодветната здравствена установа
- доказ за вкупните примања во семејството на осигуреникот (примања од плати, пензии, вршење на дејност и сл.)
- извод на родени за деца од 1-5 години ( копија)
- лична карта за осигуреници над 65 години ( копија
- здравствена легитимацја на увид
Потребни документи се:
- Барање Образец бр-1 ( лекување во странство-болничко лекување)
- предлог за упатување на лекување во странство од соодветната клиника
- медицинска документација за текот на лекувањето
- потврда за платен придонес за задолжително здравствено осигурување
- здравствена легитимација на увид; профактура од странската здравствена установа
- согласност за прием од странската здравствена установа
- Решение од Министерството за труд и социјална политика- центар за социјални работи, доколку осигуреното лице има својство на дете со посебни потреби
Потребни документи се:
- Барање Образец бр-3 ( лекување во странство- итен случај)
- мислење од лекарска комисија на ФЗОМ за итноста на случајот и времетраењето на итноста
- медицинска документација за извршените здравствени услуги во странство со превод од овластен преведувач
- сметки( фактури) за платени здравствени услуги со фискална сметка со превод од овластен преведувач
- потврда за платен придонес за здравствено осигурување
- здравствена легитимација на увид