Утврдување на својство на осигурено лице за ЧЛЕНОВИТЕ НА СЕМЕЈСТВОТО на осигуреникот (носителот на осигурувањето)

Врз основа на член 6 од законот за здравствено осигурување, со задолжителното здравствено осигурување на осигуреникот (носителот на здравственото осигурување), се обезбедува задолжително здравствено осигурување и на членовите на неговото семејство, ако не се осигурени според некој од претходно споменатите основи.

Како членови на семејство на осигуреникот, се сметаат: брачниот другар и децата родени во брак или вон брак, посиноците, посвоените деца и децата земени на издржување.

Децата на осигуреникот се здравствено осигурени:

  • до навршување на 18 годишна возраст, освен ако се на редовно школување, но најдоцна до навршување на 26 годишна возраст.
  • Кога се на вонредно школување, ако поради природата на болеста не се во можност редовно да ја посетуваат наставата и
  • Ако се или станат неспособни за самостоен живот и работа во смисла на прописите на пензиското и инвалидското осигурување, односно за социјална заштита, ако осигуреникот ги издржува- за сето време додека трае таквата неспособност.

Потребна документација:

  • пријава за здравствено осигурување (ЗО1 образец )
  • доказ за докажување на сродството со осигуреникот ( извод од венчани, извод за родени, Решение од Центарот за социјални работи за посвоени деца и деца земени на издржување или др. решение од надлежен орган);
  • потврда за редовно школување за запишана нова учебна година ( за деца од 18 до 26 години).
  • За деца кои ќе станат неспособни за самостоен живот- Решение од надлежен орган според прописите за пензиско и инвалидско осигурување, односно социјална заштита

Одјава од задолжително здравствено осигурување ( за физичко лице)

Потребна документација:

  • Одјава од задолжително здравствено осигурување (ЗО1 образец )
  • М2 одјава за престанок на работен однос
  • друг доказ според кој престанува (или се губи) основот за задолжително
  • Здравствено осигурување

Евиденција на осигурените лица

Подрачната служба на Фондот, врз основа на податоците од пријавата - одјавата за здравствено осигурување (ЗО1 образец ), води евиденција на осигурените лица (база на податоци на осигурени лица)

Издавање на здравствена легитимација

Врз основа на поднесената пријава за здравствено осигурување (образец ЗО-1) со која се утврдува својството на осигуреник и податоците во пријавата, подрачната служба на Фондот издава здравствена легитимација.

За членовите на семејството (осигурени лица), здравствената легитимација се издава врз основа поднесена пријава со доказ за сродството ( извод од матична книга на родени за децата , односно венчани за брачниот другар) а за децата постари од 18 години се прилага и потврда за редовно школување.

Доколку дојде до промена на основот на сигурување, во здравствената легитимација се внесуваат само податоците за новиот обврзник за плаќање на придонесот, назив на субјектот, регистарски број и шифра на (презаверка на здравствена легитимација)