Задолжителна административна/медицинска документација во прилог која ја поднесува осигуреното лице

Задолжителна административна/медицинска документација во прилог која ја поднесува осигуреното лице

  • Предлог за БПО, кој го пополнува избраниот гинеколог;
  • Потпишана изјава за БПО;
  • Податок за брачна состојба (копија од извод на венчани);
  • Изјава заверена на нотар за период на вонбрачно живеење доколку подносителите не се во брачна заедница
  • Потврда од подрачната служба на Фондот за претходно искористено право на БПО, надоместок за набавени и искористени лекови потребни за вршење на БПО постапка или остварено право на надоместок на плата за привремена спреченост за работа поради бременост, породување и мајчинство.

 

Дополнителна документација:

  • Отпусно писмо од претходните бремености за состојби со секундарен инфертилитет;
  • Извештај од претходната БПО постапка;
  • Извод од Матична книга на родени за прво родено дете, второ родено и трето родено дете и тоа само во случај на поднесување на барање за БПО за второ, трето или четврто дете Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија

 

Задолжителна медицинска документација во оригинал по следниов распоред:

За жената:

  1. Ултразвучен преглед со 2D на овариуми и 3D за утврдување на морфологија на утерусот, не постар од 6 месеци;
  2. Зависно од изведената метода за иследување на проодност на тубите и кавумот на утерусот извештај од извршени: ХСГ (хистеросалпингографија), ХСЦ (хистероскопија), ЛПСЦ (лапароскопија) или лапаротомија;
  3. Анализа на хормонски статус од 3-5 ден на менструалниот циклус: FSH, LH, PRL, E2, TSH, не постари од 6 месеци;
  4. PAP тест (не постар од 1 година);
  5. Микробиолошки брисеви од вагина и цервикс, брис за Chlamidia trachomatis, брис за Mycoplasma/Ureaplasma, не постари од 6 месеци;
  6. Крвна слика, гликемија, седиментација, не постари од 6 месеци;
  7. Серолошки анализи за Hepatit B i C, HIV не постари од 1 година.
  8. Отпусни писма и лекарски извештаи од претходни операции и здравствени состојби кај жената (доколку има).

 

За мажот:

  1. Најмалку 2 спермограми изработени во две различни институции овластени од Министерството за здравство, со растојание од најмалку 3 месеци, а последниот не постар од 6 месеци;
  2. Извештаи од направени 4 ИУИ од овластена здравствена установа од Министерството за здравствово, со растојание од најмалку 2 месеци помеѓу инсеминациите, со исклучок на паровите каде постојат апсолутни индикации за лекување со БПО или возраст на женскиот партнер над 38 години;
  3. Патохистолошки наод од биопсија на тестиси при состојба на азоспермија, освен кога постои медицинска индикација дека биопсија не може да се изведе (потврдена од лекар специјалист уролог);
  4. Серолошки анализи за Hepatit B i C, HIV не постари од 1 година;
  5. Отпусни писма и лекарски извештаи од претходни операции и здравствени состојби кај мажот;

 

Дополнителна документација за остварување на право на БПО за деловни жени

  • Потврда од надлежен суд за деловна способност и родителско право
  • Потврда за неосудуваност
  • Потврда за способност за родителска грижа

 Дополнителна документација за остварување на право на БПО со криопрезервиран материјал

  • Потврда за криопрезервиран материјал не постара од 1 година

Документација за остварување на право на БПО со гестациски носител

  • Известување за исполнување на услови за поднесување на барање за поведување на постапка за БПО со гестациски носител, издадено од Министерството за здравство;
  • Одлука на Здравствената комисија при Министерството за здравство за здравствената состојба на гестацискиот носител.