Закон за лекови и медицински помагала

ВО СИЛА

Со овој закон се уредуваат лековите и медицинските помагала за употреба во хуманата медицина, условите и начинот на обезбедување на нивниот квалитет, безбедност и ефикасност, начинот и постапките на нивно производство, испитување, ставање во промет, промет, формирање на цени, контрола на квалитет, огласување и инспекциски надзор. Со овој закон се уредуваат и опојните дроги, психотропните супстанции и прекурзорите потребни за производсство на лековите или медицинските помагала ако не се уредени со друг закон.