Известување (1) за доставување на документација за утврдување на договорен надоместок за 2024 година - ДОПОЛНУВАЊЕ

Dokumenti

[01.11.2023]

Сите јавни здравствени установи (ЈЗУ), приватни здравствени установи (ПЗУ) кои вршат болничка здравствена заштита и ЗУ кои обезбедуваат специјализирана медицинска рехабилитација како продолжено болничко лекување (бањи), кои имаат договор со Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, а со цел утврдување на договорен надоместок за обезбедување на здравствени услуги за осигурените лица во 2024 година, потребно е да ја достават следнава документација:

  • Барање за утврдување на договорен надоместок за 2024 година со детално образложение доколку се бара надоместок кој е повисок од утврдениот за 2023 година;
  • Предлог-План за вид и обем на здравствени услуги за 2024 година по дејности – образец (1-5);
  • Збирен рекапитулар на вкупно планирани здравствени услуги за 2024 година по нивоа на здравствена заштита - образец 6,
  • Список на дејности - образец 9 и промени кои настанале во 2023 (само за ЈЗУ);
  • Список на вработени по структура – образец 8 и план за вработување на нов кадар (само за ЈЗУ).

[ДОПОЛНУВАЊЕ 07.11.2023]

  • Податок за пресметана и наплатена партиципација за здравствени услуги во 2023 година – вкупни износи
  • Побарувања од Министерството за здравство по основ на програми (само за ЈЗУ)
  • Податоци за број на ангажирани лица со договор на дело по структура


Доколку се бара надоместок за нова опрема и нови дијагностички процедури да се достави и:

  • Преглед на планирана нова опрема и нови дијагностички процедури за 2024 година – образец 7 со прилог елаборат за целите на воведувањето на опремата, кадарот кој ќе биде вклучен во ракување и одржување на опремата, неопходни средства за тековно одржување на опремата и испитување на пазарот со три понуди.

 

Доколку ЈЗУ бара надоместок за реконструкција и/или реновирање да се достави и:

  • Премер/пресметка од овластена градежна фирма.

 

Доколку ЈЗУ бара условен надоместок да се достави и:

  • Детално образложение; 
  • Предлог План за специфичен вид и обем на здравствени услуги, доколку барањето за условниот надоместок се однесува на специфичен вид и обем со точно дефинирани здравствени услуги (вклучително и лекови) кои здравствената установа треба да ги изврши во текот на годината на Образец (Прилог 1)
  • Предлог План за одделни трошоци од тековното работење потребни за пружање на здравствените услуги доколку барањето за условниот надоместок се однесува на покривање на одделни трошоци од тековното работење потребни за пружање на здравствени услуги на Образец (Прилог 3);
  • За одобрување условен надоместок за лекови во прилог на барањето кое го доставува здравствената установа, покрај Предлог-планот на специфичен вид и обем на здравствени услуги (Образец од Прилог 1), се доставува и упатство/протокол за медицина заснована на докази, согласно со членот 27 од Законот за здравствената заштита, кое ја опфаќа употребата на лекот за којшто се бара условен надоместок. Упатство/протокол за медицина заснована на докази не се доставува само доколку се работи за:
    • лекови кои се на Листата на лекови кои паѓаат на товар на Фондот или
    • лекови за кои на 05.09.2023 година веќе имало активна јавна набавка.

 

Документацијата што се доставува треба да е во согласност со пропишаните обрасци од страна на Фондот, објавени на веб - страницата www.fzo.org.mk во делот Здравство → Теркови на потребна документација за 2024 година.


Барањето за договорен надоместок со прилозите, верифицирано од страна на директорот на ЗУ, се доставува во архивата на Фондот со назнака „за Сектор за финансиски прашања“. Истовремено, здравствената установа треба да го достави барањето со прилозите и во електронска форма на е-адреса [email protected], а притоа потребно е во називот на е-адресата да стои името на здравствената установа, додека во содржината да биде назначено лице за контакт, контакт-телефон и негова е-адреса.

Рокот за доставување на потребната документација до Фондот е заклучно со 09.11.2023 година.

Фондот може да побара и друга документација поврзана со Барањето. 

 

Со почит,

Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија