
[01.11.2023]
Сите приватни здравствени установи (ПЗУ) кои вршат специјалистичко-консултативна здравствена заштита, ЗУ кои обезбедуваат здравствени услуги за вршење на хемодијализен третман и ЗУ кои обезбедуваат здравствени услуги за биомедицинско-потпомогнато оплодување (БПО), кои имаат договор со Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, а со цел утврдување на договорен надоместок за обезбедување на здравствени услуги за осигурените лица во 2024 година, потребно е да ја достават следнава документација:
- Предлог - План за вид и обем на здравствени услуги за 2024 година по дејности - образец (1-5);
- Збирен рекапитулар на вкупно планирани здравствени услуги, за сите дејности на здравствена заштита во 2024 година (доколку имаат повеќе од една дејност) - образец 6;
Документацијата што се доставува треба да е во согласност со пропишаните обрасци од страна на Фондот, објавени на веб - страницата www.fzo.org.mk во делот Здравство → Теркови на потребна документација за 2024 година.
Потребната документација здравствената установа треба да ја достави во архивата на Фондот, со назнака „за Сектор за финансиски прашања“ и во електронска форма на е-адреса [email protected], а притоа потребно е во називот на е-адресата да стои името на здравствената установа, додека во содржината да биде назначено лице за контакт, контакт-телефон и негова е-адреса.
Рокот за доставување на потребната документација до Фондот е заклучно со 19.11.2023 година.
Фондот може да побара и друга документација поврзана со Барањето.
Со почит,
Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија