
Користење на здравствени услуги во странство во случај на стручно усовршување, школување, службено или приватно патување (туристички, посета) и слично, со држави со кои има договор за социјално осигурување
Правото на користење на здравствени услуги во странство во случај на стручно усовршување, школување, службено или приватно патување (туристички, посета) се остварува на основа на двојазичен образец, потврда, што ја издава подрачната служба на ФЗОРСМ, каде што е поднесена пријавата за задолжително здравствено осигурување.
Постапката како и потребните документи за издавање на двојазичниот образец, потврдата, е наведено во делот кај остварување на права на осигурени лица под VII. ПРАВО НА КОРИСТЕЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНИ УСЛУГИ ВО СТРАНСТВО точка В-1).
Двојазични обрасци, потврди, за остварување на право на здравствени услуги по земји:
Држава |
Обрасци, потврди |
|
Австрија |
МК/А 3 |
|
Албанија |
РМ/АЛ 111 |
|
Белгија |
РМ/БЕ111 |
|
Босна и Херцеговина |
РМ/БиХ 3 |
|
Бугарија |
РМ/РБ 111 |
|
Германија |
Д/РМ 111 |
|
Италија |
Ит-7 |
|
Луксембург |
РМ/СИ 3 |
|
Србија |
РМ/СРБ 111 |
|
Словенија | РМ/СИ 3 | |
Словачка |
РМ/СК 111 |
|
Турција |
РМ/ТР 4 |
|
Унгарија | РМ/ХУ 111 | |
Франција |
SE-21-04 и/или SE 21-04A |
|
Холандија |
РМ/НЛ 111 |
|
Хрватска |
РМ/ХР 3 |
|
Црна Гора |
РМ/МНЕ 111 |
|
Чешка |
РМ/ЦЗ 111 |
|