![](/sites/default/files/default_images/comp-2.jpg)
II. ПРАВА ОД СПЕЦИЈАЛИСТИЧКО - КОНСУЛТАТИВНА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА
Специјалистичко консултативна здравствена заштита опфаќа специјалистички прегледи, дијагностички, терапевски и рехабилитациони постапки според медицински индикации.
За потребата од упатување на специјалистичко - консултативна здравствена заштита одлучува избраниот лекар.
Специјалистичко - консултативна здравстена заштита осигуреното лице ја остварува во здравствена установа која врши такви здравствени услуги на подрачјето на Република Македонија, врз основа на упат од избраниот лекар.
Субспецијалистичката здравствена заштита се користи со упат на лекарот специјалист.
Упатот важи 30 дена од денот на издавањето, односно до денот на закажаниот преглед, освен во оправдани случаи, кога поинаку е определено со Одлука на Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување.
Ако во здравствената установа во која е упатен има повеќе лекари од иста специјалност осигуреното лице самостојно може да се определи кај кој лекар специјалист ќе користи здравствена услуга.
Осигуреното лице е должно по извршениот специјалистичко - консултативен преглед да се јави кај избраниот лекар веднаш но најдоцна во рок од три дена.
Начин како осигуреното лице да користи специјалистичко - консултативна здравствена заштита
Начин како осигуреното лице да користи лабораториски услуги
Шифрарник на јавни здравствени установи кои имаат договор за специјалистичко консултативна здравствена заштита со ФЗОМ
Шифрарник на приватни здравствени установи кои имаат договор за специјалистичко консултативна здравствена заштита со ФЗОМ