ЗДРАВСТВЕНИ УСЛУГИ НА ОСИГУРЕНИЦИТЕ КОИ СЕ УПАТЕНИ НА ПРИВРЕМЕНА РАБОТА ВО СТРАНСТВО

VII. ПРАВО НА КОРИСТЕЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНИ УСЛУГИ ВО СТРАНСТВО

Б) ЗДРАВСТВЕНИ УСЛУГИ НА ОСИГУРЕНИЦИТЕ КОИ СЕ УПАТЕНИ НА ПРИВРЕМЕНА РАБОТА ВО СТРАНСТВО

Осигуреникот кој е упатен на привремена работа во странство може да користи здравствени услуги во странство, врз основа на потврда за користење на здравствени услуги во странство на осигурениците упатени на привремена работа во странство што ја издава подрачната служба на Фондот, каде што е поднесена пријавата за задолжително здравствено осигурување.

Постапката за издавање на потврдата се поведува по барање од правното, физичкото лице и државните органи односно работодавецот.
Кон барањето ( образец бр.2 лекување во странство ) работодавецот ги  поднесува следните документи:

  • решение за уплатување на осигуреникот на привремена работа во странство
  • согласност за уплатување на работници во странство издадена од органот на управата надлежен за работни односи
  • лекарско мислење за здравствената состојба на осигуреникот издадено од здравствената установа која врши дејност медицина на трудот
  • потврда за платен придонес за задолжително здравствено осигурување
  • здравствена легитимација на увид

Ознака на потврдите, двојазични обрасци,  кои ги издава подрачната служба на Фондот по земји се наведени (тука)

По завршувањето на привремената работа во странство, работодавецот го известува Фондот за престанокот на привремената работа во странство.