Фондот упати неколку привремени решенија, се очекува следната недела да се регулираат платите за здравствените работници

Фондот упати неколку привремени решенија

ФЗОРСМ ја известува јавноста дека техничките тимови работат во континутет за целосна функционалност на системот, а во меѓувреме Фондот издаде неколку привремени решенија со кои се надминуваат дел од проблемите. Во овој момент, Фондот стапува во комуникација со јавните здравствени установи за да ја прибере потребната документација за исплата на плати.

Во интерес на јавноста, а во врска со пристигнатите новинарски прашања, Фондот ги објавува следните информации:

  • Во однос на исплатата на боледувањата, породилното отсуство и  рефундацијата, Ве информираме дека со ставање на системот во целосна функција ќе бидат исплатени сите обврски на ФЗО кон осигурениците, но и кон здравствените установи.
  • За проблемот со кој ФЗО се соочува , ве известуваме дека ФЗО ги користи капацитети и знаењата на сите внатрешни и надворешни ИТ експерти за кои има правна можност.
  • Во однос на осигуреници кои поради било која причина менуваат матичен лекар ( вклучително и поради пензионирање на претходниот матичен лекар ) изготвени се насоки за матичните лекари како да постапуваат во таков случај. 

 

Оваа прилика ја користиме уште еднаш да известиме дека анализата на експертските технички тимови утврди дека при сајбер нападот нема излевање на податоци надвор од базите на Фондот.

 

 

Подрачните служби на Фондот во континуитет ги примаат барањата, покрај ова, Подрачните служби се достапни и телефонски преку јавно објавени линии за информации за осигурениците, на кои истите можат да се обратат и да добијат информации во врска со сите решенија кои се усогласени со матичните лекари а преку кои осигурениците можат да ја остварат здравствената заштита. 

Фондот навремено и постојано ќе ја информира јавноста за сите нови утврдени информации кои се од интерес на граѓаните.