Согласно одредбите на Законот за здравствено осигурување и Процедурите за изготвување, извршување и известување на Буџетот на Фондот и за буџетите на јавните здравствени установи, јавните здравствени установи (врз основа на утврдени обрасци) изготвуваат редовни месечни и квартални извештаи за реализација на средствата пренесени од Буџетот на Фондот.
Во врска со остварување на правото на осигурениците за лек на товар на ФЗОМ и работењето одредби, Фондот за здравствено осигурување на Македонија во соработка со Фармацевтската комора на Македонија организира циклус работилници за фармацевтскиот кадар од ПЗУ аптеките.
Упатство за постапување на избраните лекари (општа медицина, геникологија и стоматологија) во врска со обврската за пропишување на лекови на печатен рецепт на товар на фондот заз дравствено осигурување на Македонија
Во рамките на остварување на правата од Правилникот за остварување на правото на БПО на товар на средствата на Фондот, ќе се организира нов циклус на обуки на матичните гинеколози во Македонија.
Одлука за определување на месечниот износ на средства кој здравствените установи што вршат обезбедување на осигурените лица со лекови кои се пропишуваат на рецепт во примарната здравствена заштита, може да го добијат за издадени лекови на рецепт од Листата на лекови на товар на Фондот во вториот, третиот и четвртиот квартал на 2011 година (Бр. 02-5431/11 од 30 Март 2011 година)
Според Одлуката на Управниот одбор на ФЗОМ почнувајќи од 01.04.2011 година, ортопедските куќи со кој Фондот има случено договор за соработка фактурите за издадените ортопедски помагала до Фондот за здравствено осигурување ќе ги доставуваат во електронска форма.Доставата на фактурите во електронска форма ќе започне во месец мај, со фактура за испорачани помагала за месец април.