Соопштенија

Објава за волонтирање во ФЗОМ

Фондот за здравствено осигурување на Македонија како организатор на волонтерската работа утврди потреба од ангажирање на волонтери со завршено минимум средно образование во Подрачните служби на Фондот заклучно до 31 декември 2012

Повик за пререгистрација за сини картони за лица со ниски приходи

За да продолжат да добиваат сини картони во континуитет , Фондот за здравствено осигурување на Македонија ги повикува сите граѓани со ниски приходи или без никакви приходи(невработени лица) кои се пререгистрираа минатата година, до 31 март да дојдат во подрачните служби за нова пререгистрација .

Објавен Конечен извештај на Државниот завод за ревизија за финансиското работење на Фондот за здравствено осигурување за 2010 година

Објавен Конечен извештај на Државниот завод за ревизија за финансиското работење на Фондот за здравствено осигурување за 2010 година

Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствено осигурување

Фондот за здравствено осигурување ве известува дека почнувајќи од денот на влегување во сила на Законот за изменување и дополнување на Законот за здравствено осигурување (Службен весник на Република Македонија бр. 26/2012, согласно член 5 со кој се менува член 18 став 1), односно 29.02.2012 година, надоместок на плата за време на привремена спреченост за работа поради болест и повреда (боледување), која е во тек и не поминале повеќе од 21 ден од почетокот на истата заклучно со 29.02.2012 година, за првите 30 дена ќе го утврдува и исплатува работодавецот од своите средства.

Движење на пререгитрацијата

Од почетокот на пререгистрацијата на невработените лица (лица со ниски примања), за времетраење од 20 дена , 36.787 носители на здравствено осигурување од вкупно 221.130, извршиле пререгистрација во сите подрачни служби. Тоа изнесува 16.6%

Преговори со ЈЗУ за 2012

ФЗОМ ги започна преговорите со сите 112 ЈЗУ за договорните надоместоци (буџети) за 2012 година. За прв пат, во интерес на граѓаните при формирање на надоместоците во предвид ќе бидат земени мислењата од здруженијата на пациенти и поплаките/пофалбите на осигурениците за ЈЗУ доставени преку подрачните служби на ФЗОМ.

Објава за волонтирање во ФЗОМ

Фондот за здравствено осигурување на Македонија како организатор на волонтерската работа утврди потреба од ангажирање на волонтери

Известување за партиципација за специјалистичко консултативна здравствена заштита

Ве известуваме дека Одлуката за измена и дополна на одлуката за одредување на висината на учеството на осигуреното на висината на учеството на осигуреното лице на висината на учеството на осигуреното лице во лице вкупните трошоци на здравствени услуги (за партиципација) ќе стапи на сила од 1 март 2012 година 1 март 2012 година март 2012 година.

Повик за нова регистрација за здравствено осигурување на лица кои имаат пониски примања

ПОВИК за нова регистрација за здравствено осигурување на лица кои имаат пониски примања, а не се вработени ниту тие, ниту било кој член на нивнoто семејство (брачниот другар и деца до 18 години или до 26 години доколку се на редовно школување

Волонтирање во ФЗОМ

Фондот за здравствено осигурување на Македонија како организатор на волонтерската работа