Соопштенија

Придобивки од воведување на Трезор во ФЗОМ

Почнувајќи од 01.01.2011 година Фондот за здравствено осигурување на Македонија го воведе Трезорот, односно стана посебен носител на платниот промет (банка) за сите јавни здравствени установи (ЈЗУ).

Една година Трезор во ФЗОМ

Почнувајќи од 01.01.2011 година Фондот за здравствено осигурување на Македонија го воведе Трезорот, односно стана посебен носител на платниот промет (банка) за сите јавни здравствени установи (ЈЗУ). ФЗОМ е исклучително задоволен што оваа реформа се направи без ниедно ново вработување во ФЗОМ! Во текот на првата година од работењето Трезорот континуирано функционираше без ниту еден ден/час блокада.

Повеќе средства за лекови од 01.01.2012

Почнувајќи од април 2011 Фондот обезбеди повеќе средства за лекови на рецепт во аптеките коишто сега изнесуваат во вкупниот износ 2.3 милијарди денари на годишно ниво. Реализацијата на квотите на ниво на цела држава во овој периодот изнесува околу 74%

Потсетување за нов начин на упатување

Почитувани, Ве потсетуваме за новиот начин на упатување кои според законот за ЗЗО стапува на сила од 01.01.2012 година. Упатувањето е задолжително за сите здравствени установи кои имаат склучено договор со ФЗОМ. П

Потрошувачка на лекови по генерика

Со цел зголемување на транспарентноста на работењето на ФЗОМ, за прв пат се објавува потрошувачката на лекови по генерика за број на реализирани рецепти на товар на ФЗОМ како и вкупен паричен износ.

Волонтирање во ФЗОМ

Фондот за здравствено осигурување на Македонија како организатор на волонтерската работа

Јавен повик за склучување на договори за 2012 година

Со цел обезбедување на здравствени услуги на товар на Фондот за здравствено осигурување на Македонија за осигурениците, Фондот објавува ПОВИК до сите здравствени установи за потпишување на договори и анекс на договори за периодот од 01.04.2012 до 31.12.2012 година.

Известување за начинот на кодирање и фактурирање на здравствени услуги за осигурените лица со туберкулоза третирани во болнички услови (стационар)

Предмет: Известување за начинот на кодирање и фактурирање на здравствени услуги за осигурените лица со туберкулоза третирани во болнички услови (стационар)

Волонтирање во ФЗОМ

Фондот за здравствено осигурување на Македонија како организатор на волонтерската работа

Потпишување на одредбите од Спогодбата за паушално надоместување на трошоците за здравствена заштита и утврдување на двојазичните обрасци на Република Македонија и Црна Гора

На покана на Фондот за здравствено осигурување на Црна Гора на 25 и 26 октомври 2011 год во Подгорица се одржаа разговори меѓу органите за врска на Црна Гора и Република Македонија за спроведување на Договорот меѓу Црна Гора и Република Македонија за социјално осигурување. Наведениот договор стапи во сила на 1 август 2011 год.

Нови лабораториски цени од 01.12.2011 година

Ве известуваме дека во Службен весник број 153 од 3 ноември 2011 година, објавена е Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на референтни цени во специјалистичко - консултативната здравствена заштита.

Вработување во ФЗОМ

Фондот за здравствено осигурување на Македонија - Скопје, е институција од јавен интерес во чија надлежност е управувањето со активностите во доменот на задолжителното здравствено осигурување на граѓаните на Република Македонија.