Новости и соопштенија до јавноста и медиумите

Новости и соопштенија за даватели на услуги

Фондот донесе нов Правилник за биомедицинско потпомогнато оплодување

Ја известуваме јавноста дека Фондот донесе нов Правилник за критериумите за склучување договори и начин на плаќање и постапка за остварување на правото и на здравствените услуги за биомедицинско потпомогнато оплодување во здравствените установи кои вршат специјалистичко-консултативна здравствена заштита (Сл.Весник на РСМ бр.5/2024 година), со кој се уредени правата и обрските на здравствените установи и Фондот, како и правата на осигурените лица за остварување на постапка за БПО на товар на средствата на Фондот ..

Известување за поднесување барање за склучување договори за 2024 година со јавни здравствени установи и анекс на договор со ...

Фондот за здравствено оосигурување на Република Северна Македонија ве известува дека почнува со постапката за склучување на договори/анекси на договори со Јавни здравствени установи за 2024 година и истото ќе се одвива по електронски пат, преку користење на веб порталот на фондот, со тоа што овластените лица ќе можат да потпишат договор/анекс на договор со валиден квалификуван дигитален сертификат.

Известување (1) за доставување на документација за утврдување на договорен надоместок за 2024 година - ДОПОЛНУВАЊЕ

За јавни здравствени установи (ЈЗУ), приватни здравствени установи (ПЗУ) кои вршат болничка здравствена заштита и ЗУ кои обезбедуваат специјализирана медицинска рехабилитација како продолжено болничко лекување (бањи) [ДОПОЛНУВАЊЕ 07.11.2023]

Известување (2) за доставување на документација за утврдување на договорен надоместок за 2024 година

За приватни здравствени установи (ПЗУ) кои вршат специјалистичко-консултативна здравствена заштита, ЗУ кои обезбедуваат здравствени услуги за вршење на хемодијализен третман и ЗУ кои обезбедуваат здравствени услуги за биомедицинско-потпомогнато оплодување (БПО)

Соопштение за медиуми

Историско зголемување на капитациониот бод во примарната здравствена заштита – одржана панел-дискусија во Владата на Република Македонија

“Фондовско Срце“ – Пролетна акција на хуманост во Битола

Во духот на традицијата и општествената одговорност, Фондот за здравствено осигурување ја реализираше пролетната крводарителска акција „Фондовско Срце“ во подрачната служба во Битола. Акцијата, која веќе дванаесет години претставува симбол на солидарност, оваа година беше проширена со цел хуманоста што повеќе да ја доближи до граѓаните.

Предупредување за фишинг измама од веб-страницата fzom.net

Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) ја известува јавноста за сериозна фишинг измама која се одвива преку лажна веб-страница со адреса fzom.net. Оваа веб-страница се претставува како официјална страница на ФЗОМ (fzo.org.mk) и има за цел да украде лични и финансиски податоци на граѓаните.

Нередовност на здравственото осигурување при издржување на казна затвор, притвор...

Управата за извршување на санкции алармираше за нередовност на здравствено осигурување на издржување на казна затвор, лицата кои се наоѓаат во притвор, како и малолетните лица на извршување на воспитна мерка упатување во воспитно-поправен дом

Потпишано писмо за соработка помеѓу Фондот и Проектот на УСАИД за партнерство против корупција

Во Фондот за здравствено осигурување на РСМ, денеска беше потпишано писмо за соработка помеѓу Фондот и Проектот на УСАИД за партнерство против корупција кој ќе биде спроведуван од страна на  Менаџмент системс Интернешнал, компанија на Тетра Тек.

Kрводарителска акција – “Фондовско срце”

Денес се одржа традиционалната крводарителска акција – “Фондовско срце”. Оваа   крводарителска акција   се одржува секоја година во просториите на Фондот за здравствено осигурување.