Соопштенија

Зголемено користењето на електронските услуги 35,734 осигуреници досега ги искористиле електронските услуги на Фондот

Во рамки на унапредување и олеснување на комуникацијата помеѓу Фондот за здравствено осигурување и осигурениците, фирмите и здравствените работници, овозможивме сет од електронски услуги на порталот на Фондот со кои на брз, лесен и ефикасен начин осигурениците можат да ги остварат своите законски права без притоа да мораат да доаѓаат на шалтерите на ФЗОМ.

Зголемена потрошувачка и достапност на лекови- Годишен извештај за лекови за 2016 година

Достапноста на квалитетни лекови за сите осигуреници во Македонија е континуирана заложба на Фондот за здравствено осигурување на Македонија и во 2016 година на нашите осигуреници им овозможи поголема достапност на лекови, олеснување на начинот на добивање лек на товар на Фондот. Во 2016 година, бројката на лекови на товар на Фондот достигна 1210 лекови по заштитено име од различни производители, односно 427 генерики со фармацевтска дозажна форма и јачина од кои 75% се лекови за кои осигурениците не треба да плаќаат дополнителни средства, освен партиципација согласно законските прописи.

Контактирани 68.502 хронични пациенти од кол центарот на ФЗОМ

Реализацијата на проектот на Владата на Република Македонија, „Фондот се грижи за хроничните болни“ се одвива според планираната динамика. Фондот преку телефонски јавувања, смс пораки и е-пошта досега контактираше 68.502 осигуреници со дијабетес, кардиолошки и бубрежни заболувања, како дел од проектот за грижа на хронично болни.

Фондот за здравство го додели 10.000-тиот ваучер за ин витро

Фондот за здравствено осигурување на 03.01.2017 го додели 10.000-тиот ваучер за ин витро. Осигуреничката е на 43 годишна возраст од Скопје, со иницијали С.М.М. Фондот сака да и посака успешна постапка и во новата година да има принова.

Забрзано се одвива реализацијата на проектите од фармацевтската дејност

Фондот за здравствено осигурување на Македонија ќе овозможи лековите „клексан“ и „фраксипарин“, антикоагуланси кои се на болничка листа и редовно се рефундираат, да бидат на рецепт, тримесечна терапија за хроничните болни лица и локатор на најблиска аптека и здравствени установи кои имаат склучено Договор со Фондот.

Зголемен буџет на Детска болница - Козле за нови методи и поквалитетна здравствена заштита за децата

Директорите на Фондот за здравствено осигурување на Македонија д-р Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани денеска ја посетија Детската болница – Козле и остварија работна средба со директорот др. Оливер Зафировски и Ријад Алими, економскиот директор и менаџерскиот тим на болницата

Посета на подрачната служба и на специјалистичка ординација и на општа болница во Кавадарци

Директни средби со осигурениците денеска оствари директорот на ФЗОМ, д-р Сашо Стефаноски, кој во рамките на отворени денови на Фондот ја посети подрачната служба во Кавадарци. Во непосреден разговор, директорот се информира за задоволството на осигурениците од реализацијата на проектите и услугите на Фондот. Сметајќи ги овие средби за репер преку кој се детектира реалната перцепција на осигурениците и непосредно се добиваат информации за квалитетот на работата на Фондот, Стефаноски ги сослуша нивните предлози и идеи за натамошно подобрување на работата на Фондот.

Посета на подрачната служба и на општа болница Борка Талески во Прилеп

Во рамките на отворени денови на Фондот, директорот на ФЗОМ, д-р Сашо Стефаноски денеска ја посети подрачната служба во Прилеп. Стефаноски оствари директни средби со осигурениците и имаше можност непосредно да разговара со нив. Овие средби се еден од барометрите да се детектира перцепцијата на осигурениците за квалитетот на работата на Фондот, какво е нивното задоволство од реализацијата на проектите и услугите, како и можност да дадат предлози или свои идеи.

Контактирани 65.328 хронични пациенти од кол центарот на ФЗОМ

Реализацијата на проектот на Владата на Република Македонија, „Фондот се грижи за хроничните болни“ се одвива според планираната динамика. Фондот преку телефонски јавувања, смс пораки и е-пошта досега контактираше 65.328 осигуреници со дијабетес, кардиолошки и бубрежни заболувања, како дел од проектот за грижа на хронично болни.

Зголемен интерес за ин витро – доделен 1200-иот ин витро ваучер за 2016 година за прво дете

Фондот за здравствено осигурување на 2 ноември годинава го додели 1200-тиот ваучер ин витро за прво дете за за оваа година. Со задоволство можеме да информираме дека динамиката на остварување на програмата за ин витро, која претставува врвен приоритет за Фондот, ги надмина дури и нашите најоптимистички очекувања, како според бројот на брачни двојки опфатени со оваа постапка, така и според брзината и ефикасноста на нејзината реализација.

Продолжува трендот на зголемено користење на електронски услуги 29,064 осигуреници досега ги искористиле електронските услуги

Во рамки на унапредување и олеснување на комуникацијата помеѓу Фондот за здравствено осигурување и осигурениците, фирмите и здравствените работници, овозможивме сет од електронски услуги на порталот на Фондот со кои на брз, лесен и ефикасен начин осигурениците можат да ги остварат своите законски права без притоа да мораат да доаѓаат на шалтерите на ФЗОМ.

Ортопедски помагала ќе се издаваат и во 332 аптеки со кои Фондот склучи договор по објавен јавен повик

Фондот за здравствено осигурување овозможува остварување на право за ортопедски помагала за кои годишно одвојува значителен износ на финансиски средства, обезбедуваjќи 406 типови ортопедски и други помагала, односно 1210 помагала од различни производители. Заклучно 31 октомври 2016 година, Фондот имаше склучено договор со 31 ортопедска куќа на територија на Македонија, кои имаа мрежа од 111 специјализирани продавници. Финансиските средства кои Фондот ги има предвидено за ортопедски помагала секоја година се зголемуваат па така во 2016 година предвидени се 550 милиони денари.

Крводарителска акција „Фондовско срце“

Дури 20 отсто од вкупно 800 вработени во Фондот за здравствено осигурување на Македонија денеска се вклучија во крводарителската акција „Фондовско срце“ која е организирана во соработка со Институтот за трансфузиона медицина.

Нови шест специјалистички ординации склучија договор со ФЗОМ - Зголемена достапност на специјалистичка здравствена заштита за граѓаните

Фондот за здравствено осигурување на Македонија склучи договори со шест нови специјалисти во четири градови во државата кои станаа дел од мрежата на здравствени установи, и со тоа им овозможи на осигурениците да добиваат специјалистичка здравствена заштита на товар на Фондот.

Отворени денови на ФЗОМ

Од утре, четврток, 6 октомври 2016 година, во сите 30 подрачни служби на Фондот продолжуваме со практиката на отворени денови за осигурениците.

Контактирани 58.639 хронични пациенти од кол центарот на ФЗОМ

Реализацијата на проектот на Владата на Република Македонија, „Фондот се грижи за хроничните болни“ и најновите резултати од јавувањата на вработените од Фондот во грижата на хронично болните, кои досега со телефонски јавувања, смс пораки и е-пошта контактираа 58.639 осигуреници со дијабетес, кардиолошки и бубрежни заболувања, се одвива според планираната динамика.

24,764 осигуреници досега ги искористиле електронските услуги

Во рамки на унапредување и олеснување на комуникацијата помеѓу Фондот за здравствено осигурување и осигурениците, фирмите и здравствените работници, овозможивме сет од електронски услуги на порталот на Фондот со кои на брз, лесен и ефикасен начин осигурениците можат да ги остварат своите законски права без притоа да мораат да доаѓаат на шалтерите на ФЗОМ.