Четири месеци од воведување на новината за лекување во странство
Oд 01.01.2013 година во сила стапија измените и дополнувањата на Законот за здравствено осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 26/2012 година) каде во членот 32 став 2 е предвидено дека за здравствените услуги за одобрено лекување во странство, осигуреното лице учествува со 20% од вкупните трошоци, но не повеќе од 200 евра во денарска противвредност.