Новости и соопштенија до јавноста и медиумите

Новости и соопштенија за даватели на услуги

Фондот донесе нов Правилник за биомедицинско потпомогнато оплодување

Ја известуваме јавноста дека Фондот донесе нов Правилник за критериумите за склучување договори и начин на плаќање и постапка за остварување на правото и на здравствените услуги за биомедицинско потпомогнато оплодување во здравствените установи кои вршат специјалистичко-консултативна здравствена заштита (Сл.Весник на РСМ бр.5/2024 година), со кој се уредени правата и обрските на здравствените установи и Фондот, како и правата на осигурените лица за остварување на постапка за БПО на товар на средствата на Фондот ..

Известување за поднесување барање за склучување договори за 2024 година со јавни здравствени установи и анекс на договор со ...

Фондот за здравствено оосигурување на Република Северна Македонија ве известува дека почнува со постапката за склучување на договори/анекси на договори со Јавни здравствени установи за 2024 година и истото ќе се одвива по електронски пат, преку користење на веб порталот на фондот, со тоа што овластените лица ќе можат да потпишат договор/анекс на договор со валиден квалификуван дигитален сертификат.

Известување (1) за доставување на документација за утврдување на договорен надоместок за 2024 година - ДОПОЛНУВАЊЕ

За јавни здравствени установи (ЈЗУ), приватни здравствени установи (ПЗУ) кои вршат болничка здравствена заштита и ЗУ кои обезбедуваат специјализирана медицинска рехабилитација како продолжено болничко лекување (бањи) [ДОПОЛНУВАЊЕ 07.11.2023]

Известување (2) за доставување на документација за утврдување на договорен надоместок за 2024 година

За приватни здравствени установи (ПЗУ) кои вршат специјалистичко-консултативна здравствена заштита, ЗУ кои обезбедуваат здравствени услуги за вршење на хемодијализен третман и ЗУ кои обезбедуваат здравствени услуги за биомедицинско-потпомогнато оплодување (БПО)

Надградба на порталот на Фондот

Во претходниов период се правеше софтверска надградба на порталот на Фондот. Од оваа причина старите зачувани линкови (Bookmarks, Favourites), од кои пристапувате до порталот, се нефункционални и треба да се избришат од вашиот прелистувач, бидејќи можат да предизвикаат грешки...

Соопштение до здравствените установи и аптеките за начинот на проверка на здравственото осигурување после 5 февруари

За осигурениците за кои не е регистрирана уплата на придонес за здравствено осигурување во системот на Мој Термин после 05.02.2023 година, Фондот по службена должност ќе обезбеди доказ за платен придонес од системот на УЈП.

Известување за технички проблем

Почитувани, во моментот електронските услуги на Фондот за здравствено осигурување се соочуваат со технички проблеми и се работи што е можно побрзо истите да бидат во функција.

Средба на генералниот директор и министерот за здравство со претставници на Фармабренд Нова и AmCham North Macedonia

На денешната средба одржана во Министерството за здравство, присуствуваа генералниот директор на ФЗОРСМ Сашо Клековски, министерот за здравство Арбен Таравари, заедно со претставници на Фармабренд Нова и AmCham North Macedonia

Забрзана дигитализација е потребна за поефективен здравствен систем

Генералните директори Сашо Клековски и Бранко Аџигогов на работниот состанок заедно со министерот за дигитализација Стефан Андоновски имаа конструктивен разговор на тема:  забрзување на процесот на дигитализација на здравствениот систем во државата

Работен состанок со д-р Аким Али од Светската здравствена организација

На ден 15.07.2024 година, генералниот директор на ФЗОРСМ Сашо Клековски,  оствари официјален работен состанок   со д-р Аким Али, претставник на Светската здравствена организација и шеф на Канцеларијата во Северна Македонија.

Средба со претседател на Здружение на приватни лекари на РСМ и претставник од Здружението Мевљудин Куч

Работен состанок со Лилија Чолакова Дервишова, која е претседателка на Здружение на приватни лекари на РСМ и Мевљудин Куч, претставник од  Здружението на приватни лекари на РСМ.

Генералните директори на ФЗОРСМ во посета на Подрачната служба-Скопје

Денес, генералните директори на ФЗОРСМ го  посетија  најчестиот контакт на осигурениците со Фондот за здравствено осигурување а тоа е Подрачната служба Скопје, каде најчесто се стекнува впечатокот за ФЗО.

Примопредавање на должностите на директори на ФЗОРСМ

На трети јули се изврши примопредавање на должноста директор на ФЗОРСМ. Досегашните директори М-р. Магдалена Филиповска Грашкоска и Д-р. Асаф Абдурамани како в.д директор ја предадоа должноста на новите в.д директори Сашо Клековски и Бранко Аџигогов