Биомедицинско потпомогнато оплодување

Плаќање во биомедицинско потпомогнато оплодување

ИН-ВИТРО

Осигуреното лице може да оствари право на БПО за здравствените услуги извршени во постапките на БПО, спроведени со автологно оплодување и алогенеичко оплодување согласно со најновиот правилник.

Информации за БПО / ин-витро постапка секој работен ден од 12.30 до 16.30

Д-р Магдалена Симоновска +389 2 3289 009 [email protected]
Д-р Ана Митевска +389 2 3289 009 [email protected]
Јешим Алими +389 2 3289 092 [email protected]
Д-р Јасминка Трајкоска-Спасовска +389 2 3289 086 [email protected]
СЕКРЕТАРИ
Несрин Муареми +389 2 3289 068 [email protected]
Катарина Наумовска +389 2 3289 016 [email protected]

БПО Правилници

БПО соопштенија

Фондот донесе нов Правилник за биомедицинско потпомогнато оплодување

Ја известуваме јавноста дека Фондот донесе нов Правилник за критериумите за склучување договори и начин на плаќање и постапка за остварување на правото и на здравствените услуги за биомедицинско потпомогнато оплодување во здравствените установи кои вршат специјалистичко-консултативна здравствена заштита (Сл.Весник на РСМ бр.5/2024 година), со кој се уредени правата и обрските на здравствените установи и Фондот, како и правата на осигурените лица за остварување на постапка за БПО на товар на средствата на Фондот ..

Фондот за здравство го додели 10.000-тиот ваучер за ин витро

Фондот за здравствено осигурување на 03.01.2017 го додели 10.000-тиот ваучер за ин витро. Осигуреничката е на 43 годишна возраст од Скопје, со иницијали С.М.М. Фондот сака да и посака успешна постапка и во новата година да има принова.

Зголемен интерес за ин витро – доделен 1200-иот ин витро ваучер за 2016 година за прво дете

Фондот за здравствено осигурување на 2 ноември годинава го додели 1200-тиот ваучер ин витро за прво дете за за оваа година. Со задоволство можеме да информираме дека динамиката на остварување на програмата за ин витро, која претставува врвен приоритет за Фондот, ги надмина дури и нашите најоптимистички очекувања, како според бројот на брачни двојки опфатени со оваа постапка, така и според брзината и ефикасноста на нејзината реализација.

Од сега партиципација од 6000 денари за остварување право на ин витро на товар на буџетот на Фондот

Од сега партиципација од 6000 денари за остварување право на ин витро на товар на буџетот на Фондот и овозможено право на ин витро за трето и четврто дете, покрај правото за прво и второ до три обиди

Порано отпочнување за постапката на ин-витро – поголема шанса за принова

Правото на ин витро е една од програмите на Фондот која е со висок приоритет. Нашата цел е да им излеземе во пресрет на сите осигуреници кои сакаат да имаат деца, а имаат потешкотии да го остварат тоа. Визијата на Фондот за здравствено осигурување на Македонија е задоволни осигуреници.

Електронско поднесување на барања за ин витро - бимедицинско потмогнато оплодување (БПО) и следење на статусот на барањето во реално време на порталот на ФЗОМ

Фондот за здравствено осигурување на Македонија воведува нова електронска услуга која се однесува на осигурените лица кои сакаат да остварат право на Биомедицинско потпомогнато оплодување, односно ин-витро. Со оваа новина што ја воведува Фондот, од понеделник 20 април 2015 година, матичните гинеколози ќе можат да се логираат на порталот на Фондот и преку специјално дизајнирана алатка електронски да го пополнат и достават барањето за остварување на ова право за нивните осигуреници.

Искористување на здравствената услуга за Бимедицинско Потмогнато Оплодување (БПО) на товар на ФЗОМ заклучно со април 2014

Избраниот лекар – гинеколог, од приложената документација, потврдува дека кај осигуреното лице постојат медицински индикации (согласно Правилникот за критериумите за склучување договори и постапка за остварување на правото и начинот на плаќање на здравствените услуги за биомедицинско потпомогнато оплодување во здравствените установи кои вршат специјалистичко-консултативна здравствена заштита) и предлага започнување на БПО постапка.

Известување за сите матични гинеколози за работилници за ин витро постапка на товар на фондот

Во рамките на остварување на правата од Правилникот за остварување на правото на БПО на товар на средствата на Фондот, ќе се организира нов циклус на обуки на матичните гинеколози во Македонија.