Соопштенија

Говор на директорката на Фондот, М-р Маја Парнарџиева Змејкова по повод одбележување на светскиот ден на ретки болести

Почитувани уважени гости, Почитувани дами и господа, Почитувани претставници на медиумите, Ми претставува чест на овој последен ден на месец Февруари, да присуствувам на овој настан кој има за цел, да ја подигне јавната свест за ретките болести во Македонија.

Истурена канцеларија во општина Боговиње

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Џемали Мехази беше во работна посета на својата веќе отворана истурена канцеларија во општина Боговиње, при што оствари и среба со градоначалникот на општина Боговиње, Хазби Идризи

Прва работилница за едукација на пензионерите за нивните права од здравствено осигурување

Денес се одржа првата од четиринаесетте работилници наменети за пензионерите за едукација на нивите права од здравствено осигурување како и едукација за определени здравствени програми кои ги финансира ФЗОМ. Едукативните работилници се организираат во соработка на Црвениот Крст на Македонија и Сојузот на здруженија на пензионери. На денешната работилница поздравен говор имаа м-р Маја Парнарџиева Змејкова- директор на ФЗОМ, г. Драги Аргировски- претседател на сојуз на здруженија на пензионери и Сузана Тунева Пауновска од Црвениот Крст.

Нови олеснувања при остварување на правото на ортопедски и други помагала

Фондот продлжува да го олеснува осварувањето на правото на ортопедски и други помагала и поради тоа направи измени во Правилникот за индикации за остварување на право на ортопедски и други помагала.

Работна посета на директорот Џемали Мехази во Гостивар

Дистрибуција на електронските здравствени картички, стимулациите за матичните лекари, матични гинеколози и руралните лекари беа тема на средбата на директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија Џемали Мехази со градоначалникот на Гостивар, Невзат Бејта.

Демант по повод пишувањето на дневниот весник Вест во бројот 4093

ФЗОМ би сакал да разјасни неколку факти околу написот „Ин витро за второ дете заглави пред да почне“ којшто онака како што е пласиран, со доза на сензационализам, ги доведува читателите до заблуда и ги обесхрабрува брачните двојки, кои со нетрпение го чекаат реазлириањето на правото за ин витро за второ дете на товар на Фондот за здравствено осигурување на Македонија.

Новини во подрачната служба Скопје - истурена канцеларија во општина Илинден

Директорката на Фондот за здравствено осигурување, м-р Маја Парнарџиева Змејкова беше во работна посета на својата веќе отворана истурена канцеларија во општина Илинден, при што оствари и среба со градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски. Канцеларијата е отворена веќе 2 недели и сместена е во просториите на општина Илинден. Истурената канцеларија е отворена секој работен ден од од 08:30 до 16:30 часот.

Лица со ниски приходи - невработени лица-2014 година

Согласно одредбите на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување (“Службен весник на Република Македонија” број 142/08, 64/09, 156/09, 166/10 , 53/11, 185/2011 , 44/2012 , 15/2013, 91/2013 и 170/2013), предвидени се определени правила за лицата кои минатата година добиле здравствено осигурување на товар на Буџетот на Република Македонија за себе и своето семејство врз основа на своите пониски примања и за лицата кои прв пат здравствено ќе се осигуруваат по овој основ.

Нови условни буџети и нови услуги за јавните здравствени установи за 2014 година

Фондот за здравствено осигурување и во 2014 година склучи нови договори со досегашните 11 јавни здравствени установи и вклучи нови 4 јавни здравствени установи и обезбеди 7 нови здравствени услуги за осигурените лица за цела 2014 година.

Крводарителна акција во ФЗОМ

Дури 20 отсто од вкупно 800 вработени во Фондот за здравствено осигурување на Македонија денеска се вклучија во крводарителната акција „Спасете живот дарувајте крв“ која е организирана во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Црвениот крст. Крводарителната акцијата е на иницијатива на директорката на Фондот, м-р Маја Паранарџиева Змејкова која и самата даруваше од течноста што живот значи.

Работна посета на директорот Џемали Мехази во Тетово

На работната средба се дискутираше за процесот на дистрибуирање на ЕЗК во оваа подрачна служба каде 61790 електронски здравствени картички се веќе предадени на осигурениците. Директорот Мехази ја искористи ова можност да упати апел до 21620 осигуреници кои сеуште не поднеле барање за ЕЗК да го направат истото

Реализирана работна средба на директорката на ФЗОМ, м-р Маја Парнарџиева Змејкова со Сојуз на здруженија на пензионери на Македонија

Директорката на ФЗОМ, м-р Маја Парнарџиева Змејкова и нејзиниот тим одржаа прва работна средба во 2014 година со претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија Драги Аргировски, со претседатолот на комисијата за здравство во Сојузот на пензионери Стојан Стефановски и со членот на УО на ФЗОМ – престставник од Сојузот на пензионери на Македонија Илија Глигоров

Реализирана работна средба со Црвениот Крст на Македонија

Директорот на ФЗОМ, м-р Маја Парнарџиева Змејкова беше домаќин на работна посета на Генералниот секретар на Црвениот крст на Македонија, Саит Саити и Секретарот на Црвениот крст на Скопје, Сузана Тунева Пауновска.