Од 01 февруари 2014 година сите фирми задолжително ќе треба да ги користат електронските услуги - пријава и одјава на здравствено осигурување преку веб порталот на Фондот. 75.000 фирми досега требаше за пријави и одјави на здравствено осигурување за своите вработени и за членовите на нивните семејства да доаѓаат лично секој месец во подрачните служжби на Фондот за здравствено осигурување. Во декември 2013 година фирмите реализирале 15.000 посети во подрачните служби на Фондот.
Поради огромниот интерес од јавноста за превентивните прегледи кои ги најави Фондот за здравствено осигурување, на денешната прес конференција се објаснија деталите за овој проект.
Од 01 јануари 2014 година ќе важат нови 5-годишни договори со здравствените установи со кои Фондот потпишува договори. Овие договори содржат новини кои се резултат на преговорите меѓу Фондот и претставниците на лекарите, односно Лекарска комора на Македонија – ЛКМ и Здружението на приватни лекари на Република Македонија - ЗПЛРМ.
„Органодарителство – највисок чин на човекољубие – aјде да зборуваме за тоа“ е насловот на брошурата промовирана на денешната прес конференција, во организација на Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“. Д-р Љубинко Трпеноски, претседател на „Нефрон“ во своето поздравно обраќање укажа дека без поддршката на медиумите, денес состојбата со статусот на пациентите со бубрежни заболувања би била сосема поинаква. Тој потсети дека Здружението своите активности ги започнало со мотото „Не можеш да добиеш ако не побараш“, но денес ова мото е заменето со посовремено - идентично на мотото на Меѓународната федерација на бубрежно болните, а тоа е „Не можеш да бараш додека не понудш нешто “ .
Успешна 35-та трансплантација на бубрези од жив донор е извршена на Клиниката за урологија во Скопје, беше соопштено на денешната прес конференција од директорката на ФЗОМ, м-р Маја Парнарџиева Змејкова, која им го честиташе успехот на директорот на Клиниката за урологија, примариус Михаил Пенев и на тимот на лекари предводени од од д-р Сашо Дохчев, д-р Скендер Саиди, д-р Сотир Ставридис и д-р Оливер Станков.
Постигнат е голем напредок во лекувањето на децата со нарушување на хормон како резултат на соработката на Фондот за здравствено осигурување и здружението на родители на деца со ендокринолошки заболувања РАСТ, во изминативе 3 години, ова го истакна на денешната Едукативна работилниија директорката на ФЗОМ, м-р Маја Паранарџиева Змејкова. Едукативната работилница која е дел од „Кампањата за рано препознавање на нарушување на растот“ а организирана од здружението РАСТ и е наменета за здравствените работници и директори на установи кои се грижат за децата во претшколаска возраст на територија на град Скопје.
„Кога е фер да се каже не“, односно одлучувањето во распределбата на средствата во здравствените системи и поставувањето на приоритети, беше темата на Вториот здравствен самит, организиран од меѓународниот проект Хелтгрупер, што се одржа на 7 овој месец во Скопје. На овогодишниот самит активно учествуваше и Фондот за здравствено осигурување со презентација на директорката м-р Маја Парнарџиева Змејкова на тема „Распределбата на средствата во системот на здравствено осигурување во Република Македонија“.
Придобивките од воведување на електронските услуги и административното олеснување за осигурениците, за лекарите, за компаниите и фирмите е тема на презентацијата на м-р Маја Парнарџиева Змејкова, директор на ФЗОМ на Регионална Конференција – „Вистински импакт за подобро владеење“ што се одржа во рамките на неделата на јавниот сектор на 5-ти декември во хотелот Александар Палас во Скопје. Конференцијата е во организација на Мајкрософт во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија.
Чест и задоволство ми е што денес присуствувам на овој значаен настан по повод одбележување на Европската недела на цистична фиброза, на поканата од здружението на граѓани, кои се наши партнери во борбата против ова заболување.
Чест и задоволство ми е што денес присуствувам на овој значаен настан по повод одбележувањето на Европскиот ден за рационалната употреба на антибиотици.
Придобивките од воведување на електронските услуги и административното олеснување за осигурениците, за лекарите, за компаниите и фирмите е тема на презентацијата на м-р Маја Парнарџиева Змејкова, директор на ФЗОМ на 26-тото по ред советување на правниците од здравството на Република Македонија, што се одржува во Струга од 14 до 16 ноември 2013 година.
Дозволете да го изразам своето задоволство што имам чест да Ве информирам за реформските цел на Фондот за здравство за следните две години. Стратегијата 2014 – 2015 година која ќе Ви ја претставам се заснова на реалните потреби на пациентите, лекарите, фармацевтите и воедно претставува амбициозна цел која треба да ја реализираме.