Соопштенија

Едукативнa работилници со пензионерите во Дебар

ФЗОМ продолжува со одржување на едукативните работилници со пензионерите. Единаесетата работилница се одржа во Дебар и има за цел да ги едуцира пензионерите за нивните права од здравствено осигурување.

Работна посета и состаноци на директорката на ФЗОМ, м-р Маја Парнарџиева-Змејкова со претставници на Заводот за здравствено осигурување на Херцеговачко-неретванскиот кантон, Босна и Херцеговина

Финансирањето на здравствените услуги во примарната здравствена заштита, електронскиот систем на интегрирано здравство и е-услугите на ФЗОМ, решенијата и новините кои ги воведува Фондот за здравствено осигрување на Македонија, како и предизвиците за подигнување на квалитетот на здравствените услуги, добрата пракса и успешните проекти беа тема на еднодневната официјална посета на делегацијата од Заводот за здравствено осигурување на Херцеговачко-неретванскиот кантон од Босна и Херцеговина.

Нови измени во позитивната листа

23 генерики односно 85 заштитени имиња стануваат подостапни од 8 јули 2014 година за 250.000 осигуреници. Односно 733.000 рецепти осигурениците побрзо ќе ги реализираат. Новите промени во Листата на лекови кои паѓаат на товар на Фондот се направени по барање на лекарите, но и врз основа на анализите на ФЗОМ, според кои се оцени дека има и медицинско оправдување за новата либерализација на овие лекови од позитивната листа. Одлуката објавена во Службен весник на РМ со број 98 од 30 јуни 2014 година,опфаќа 2 измени во делот на режимот на пропишување на одредени лекови.

Средба на директорката на ФЗОМ, м-р Маја Парнарџиева-Змејкова со Здружение на граѓани “Хемолог“

Она што пред 20 години за нас беше сон, денеска е веќе реалност, достапност на потребните лекови, отворена врата на институцијата но и слух за нашите проблеми кои резултираат со подбра здравствена грижа за лицата со хемофилија.

Соопштение за осигуреници

Фондот за здравствено осигурување на Македонија сака да ја извести јавноста и своите осигуреници, дека поради замена на опремата за фиксна телефонија во периодот од 2 до 8 јули 2014 година нема да функционираат фиксните телефони во централата на ФЗОМ вклучително и бесплатната телефонска линија 0800 33222.

Годишна работилница на ФЗОМ со Здружение на приватни лекари на Македонија

Личниот влог, посветеноста и поддршката кој приватните лекари ја имаат во директорката на ФЗОМ, м-р Маја Парнарџиева-Змејкова е причината зошто др.спец. Лилија Чолакова Дервишова, претседателот на Здружението на приватни лекари на Македонија и додели благодарница на директорката на ФЗОМ за несебична поддршка и соработка на Здружението на приватни лекари на Македонија. Фактот дека во Фондот за здравствено осигурување на Македонија приватните лекарии имаат партнер за соработка, влијае на подобрување и на состојбите во здравството, но е и од директна користа и за пациентите и за самите лекари.

Директорката на ФЗОМ, м-р Маја Парнарџиева-Змејкова на XIX-та Меѓународна летна школа за менаџмент на институции кои обезбедуваат здравствени услуги 

Директорката на ФЗОМ, м-р Маја Парнарџиева-Змејкова на XIX-та Меѓународна летна школа за менаџмент на институции кои обезбедуваат здравствени услуги во организација на Европскиот центар за мир и развој (ECPD) при Универзитетот на ОН го претстави македонскиот здравствен модел и успешните резултати од реформите во здравството

Искористување на здравствената услуга за Бимедицинско Потмогнато Оплодување (БПО) на товар на ФЗОМ заклучно со април 2014

Избраниот лекар – гинеколог, од приложената документација, потврдува дека кај осигуреното лице постојат медицински индикации (согласно Правилникот за критериумите за склучување договори и постапка за остварување на правото и начинот на плаќање на здравствените услуги за биомедицинско потпомогнато оплодување во здравствените установи кои вршат специјалистичко-консултативна здравствена заштита) и предлага започнување на БПО постапка.

Работна посета и едукативни работилници со пензионерите во Тетово и Гостивар

На деветата едукативна работилница во Тетово, наменета за пензионерите за едукација во однос на нивните права од здравствено осигурување, како и запознавањето со определени здравствени програми кои ги финансира ФЗОМ, директорката Парнарџиева Змејкова се заблагодари на Сојузот на пензионери и на Црвениот крст за успешно реализирање на едукативните работилници кои имаат цел да го зголемат нивото на информираност на пензионерите за нивните права од здравственото осигурување.

Промовиран водич за раст и нарушувања на растот

„Растот не е само сантиметри...растот е показател на целокупното здравје“ е мотото на денешната прес-конференција што ја организираше Здружението на родители на деца со ендокринолошки заболувања „Раст“ во соработка со Фондот за здравствено осигурување на Македонија и ЈЗУ Здравствен дом-Скопје.

Известување за осигурениците-Дежурна служба Идадија

Фондот за здравствено осигурување на Македнија ги известува сите осигурени лица дека отсега можат да добијат здравствена заштита од страна на дежурни тимови на матични лекари во дежурните служби и во Поликлиника Идадија (освен на другите поликлиники), секоја сабота од 07:30 до 19:30 часот. Со ова се овозможува во сите поликлиники на подрачјето на град Скопје да има континуирана здравствена заштита за сите осигуреници. Дежурната служба си работи континуирано и во ноќните часови, недела и државни празници.

Средба со претставници од Светска Банка

Денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување Џемали Мехази оствари работен состанок со претставниците на Светската банка, г-ѓа Доерте Думеланд, сектор за намалување на сиромаштија и економски менаџмент, Бојан Шимбов, истражувачки аналитичар и со Ник Којучаров, економист за Европа и Централна Азија.

Известување за осигурениците

Фондот за здравствено осигурување на Македонија ги известува осигурениците на кои при остварување на правото на специјализирана медицинска рехабилитација како продолжено болничко лекување, им биле наплатени дополнителни средства за надстандардно лекување и/или сместување за начинот на поврат на истите.

Истурена канцеларија во општина Липково

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Џемали Мехази беше во работна посета на истуренаta канцеларија во општина Липково, при што оствари и средба со градоначалникот на општина Липково, Садулах Дураку.

За извршени контроли на бањите од страна на ФЗОМ

Фондот за здравствено осигурување на Македонија вo април годинава изврши контролa на постапката за остварување на правото на специјализирана медицинска рехабилитација како продолжено болничко лекување во четирите бањи кои имаат склучено договор со Фондот (Катлановска, Дебарски- цапа, Цар Самоил- банско и Негорски бањи).

Учество на ФЗОМ на 27-тото советување на правниците од здравството на Република Македонија

„Ефектите од воведените електронски услуги во ФЗОМ“, е тема на излагањето на директорката на ФЗОМ, м-р Маја Парнарџиева Змејкова на 27-тото по ред советување на правниците од здравството на Република Македонија.