Соопштенија

Најмалку 400.000 осигуреници полесно до лекови за хронична терапија Нови измени во сферата на лекови – три големи новини во корист на осигурениците

Со последните измени во сферата на лековите, ФЗОМ за осигурениците овозможи олеснување на начинот на добивање лек на товар на Фондот, поголем избор на лекови, како и проширување на индикационите подрачја за лековите што може да се пропишат на товар на ФЗОМ

Учество на ФЗОМ во одбележување на Европскиот ден на рационална употреба на антибиотици и во Проектот за рационална примена на антибиотици во Република Македонија

Антибиотиците не се храна – непотребното користење ја намалува нивната делотворност е мотото на одбележувањето на Европскиот ден на рационална употреба на антибиотици на стручниот семинар на тема „Рационална употреба на антибиотици и превенција на антимикробна резистенција “, кој се одржа во Велес, на 26 септември 2014 година.

Обраќање на директорот на ФЗОМ, Џемали Мехази по повод учество на Фондот за здравствено осигурување на Македонија на 8-иот Балкански форум на јавно здравствено осигурување во Тирана, Албанија

Директорот на ФЗОМ, Џемали Мехази во периодот од 25-26 септември 2014 година зема учество на 8-иот Балкански форум на јавно здравствено осигурување, што се одржува во Тирана, Албанија.

Да додадеме боја во животот на децата – одбележан Светски ден на нарушувања на растот

Да додадеме боја во животот на децата! Не се работи за висина, туку за здравје! е мотото на првото одбележување на национално ниво на Светскиот ден на нарушувања на растот, во организација на Здружението на родители на деца со ендокринолошки заболувања РАСТ, а поддржано од Фондот за здравствено осигурување на Македонија.

Средба на директорката на ФЗОМ, м-р Маја Парнарџиева-Змејкова со претставник на канцеларијата на Светската здравствена организација за Македонија

Интензивната соработка во развивањето на стратегија за имплементација на национална политика за здравство - 2020, која исто така е во согласност со рамките на здравствените политики на Светската здравствена организација - СЗО 2020, беше дел од темите за кои стана збор на средбата на директорката на ФЗОМ, м-р Маја ПарнарџиеваЗмејкова со Снежана Чичевалиева, директор на канцеларијата на Светската здравствена оганизација - СЗО за Македонија.

За електронско склучување на анекс на договор со здравствените установи од дејноста општа медицина, гинекологија и општа стоматологија

На Управниот одбор на Фондот се усвои анекс на договор со давателите на здравствени услуги од дејноста општа медицина (1524), гинекологија (137) и стоматологија (1136). Со новиот анекс договор е овозможено во случај кога избраниот лекар користи породилно отсуство, Фондот да не го раскинува еднострано договорот, ако не е вработен лекар замена по истекот на 35 дена, но најмногу до 270 дена од настанување на случајот. Како доказ, здравствената установа треба да приложи копија од два пати неуспешно објавен оглас за вработување на лекар од АВРМ.

ДСГ - дијагностичко сродни групи Годишен извештај за 2013 година - Извештај за работата на здравствените установи од Болничката здравствена заштита

Методологијата Дијагностичко сродни групи (ДСГ), не претставува само систем за евидентирање и фактурирање на здравствени услуги за акутните болнички пациенти туку овој метод за евиденција и финансирање на болничката здравствена заштита придонесува кон стандардизирање на медицинските терапевтски постапки според медицината базирана на докази (протоколи и клинички патеки), кои се вршат за секоја дијагноза со плаќање по просечни трошоци направени за здравствената услуга во било која здравствена установа. ДСГ системот овозможува формирање на централна база на сите здравствени услуги во РМ за болничките пациенти, како и на други статистички важни податоци (пол, возраст, тежина итн.).

ФЗОМ меѓу најљубезните институции - резултати од истражувањето на МИОА за мерење на задоволство на граѓаните од работата на ФЗОМ

ФЗОМ како една од најсложените институции во државата, која соработува на дневна основа со над 75.00 фирми, преку 4000 здравствени установи и институција во која секој граѓанин барем еднаш годишно ќе дојде да побара некоја услуга, забелажа напредок во пружање на своите услуги на осигурениците.

Воведување на две новини во ФЗОМ, автоматско здравствено осигурување на вработените и нивните фамилии како и електронски изводи од матична книга на новородени деца

Фондот за здравствено осигурување на Македонија сака да ја информира Јавноста дека од 01.08.2014 воведува две новини.

ФЗОМ сака да ја информира јавноста дека по примерот на многу европски земји излезе во пресрет на лицата со ретки болести преку проширување и воведување на нова група на нутритивни продукти на товар на Фондот

Фондот за здравствено осигурување на Македонија сака да ја информира јавноста дека по примерот на многу европски земји излезе во пресрет на лицата со ретки болести преку проширување и воведување на нова група на нутритивни продукти на товар на Фондот.

ФЗОМ се стекна се ИСО 9001:2008 сертификат

Како резултат на своите заложби во внесување на сите иновации и стандарди во своето секојдневно работење, што ќе резултира со задоволни осигуреници и клиенти, ФЗОМ се стекна со ИСО 9001:2008.

Работилница на ФЗОМ со Црвениот крст во рамките на проектот “Грижа за стари лица

„Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“ – Грижа за стари лица е проектот во кој заеднички соработуваат Црвениот крст на град Скопје и Фондот за здравствено осигурување на Македонија.