Соопштенија

Едукативна работилница “Остварување на правото на БПО на товар на ФЗОМ”

Соработката на ФЗОМ и матичните гинеколози е од голема важност за нашите осигуреници за да можат да имаат добро искуство при остварување на ова право. Едукативна работилница која се одржа во ГОБ 8ми Септември имаше за цел да ги запознае матичните гинеколози со постапката за остварување на правото на БПО на товар на ФЗОМ, имајќи во предвид дека тие се првиот и најважниот филтер во овој процес

За ставот на Интер-ресорска консултативна и советодавна група за еднакви можности на жените и мажите

ФЗОМ сака да ја информира јавноста за ставот на Интер-ресорската консултативна и советодавна група за еднакви можности на жените и мажите, со која имаше средба и презентација на новиот проект „Побрза исплата на надоместоци“.

Големо олеснување за редовните студенти – повеќе нема потреба од доаѓање на шалтер во ФЗОМ

Со новиот проект „Е-потврди за редовни студенти“ Фондот овозможи големи придобивки за редовните студенти, кои до сега потврдата за редовно школување требаа да ја заверат во студентски прашања, па да ја достават на шалтерите во подрачните служби на ФЗОМ.

Работна средба на директорката на ФЗОМ, м-р Маја Парнарџиева-Змејкова со претставникот на УНИЦЕФ во Македонија, др. Бертранд Демулан

Дури 90% од вкупниот број на граѓани во Република Македонија се опфатени во системот на задолжителното здравствено осигурување и секој граѓанин има право да биде вклучен во системот, што ја вбројува Македонија во земјите со највисок процент на здравствени осигуреници.

Работна средба на директорката на ФЗОМ, м-р Маја Парнарџиева-Змејкова со новиот тим на Стоматолошката комора на Македонија

Актуелните состојби во сферата на стоматологијата, бројот на матични стомаотлози и договори со приватните здравствени установи – стоматолошки ординаци, како и буџетот на ФЗОМ за стоматолозите и методогологијата по која истиот се распоределува, беа тема на првата официјална средба на новото раководство на Стоматолошката комора на Македонија, на чело со претседатолот, проф.др. Владимир Поповски со директорката на ФЗОМ, м-р Маја Парнарџиева Змејкова.

Соопштение за ортопедски куќи и стоматолошки здравствени установи со дејност протетика и ортодонција

Од 01.10.2014 година ортопедските куќи и стоматолошките здравствени установи, со дејност протетика и ортодонција, преку веб порталот на Фондот за здравствено осигурување, започнуваат со нов начин на евидентирање на нарачки и подигање на ортопедски помагала.

Нов лек на Позитивната листа на лекови на товар на ФЗОМ

По подолг период се воведува нов лек (генерика) на Позитивната листа на лекови со што се започна со реализација новиот Владин проект за постепено воведување на нови лекови на Позитивната листа на лекови на товар на фзом.

Директорката на ФЗОМ, м-р Маја Парнарџиева-Змејкова доби Сертификат за функционалност информацискиот систем на ФЗОМ од министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски

Директорката на ФЗОМ, м-р Маја Парнарџиева-Змејкова денеска го доби Сертификатот за функционалност на информацискиот систем на Фондот за здравствено осигурување на Македонија. ФЗОМ е четврта по ред државна институција која се стекна со ваков престижен сертификат.

Игнорирањето не е лек – е пораката на директорката на ФЗОМ, м-р Маја Парнарџиева-Змејкова на VII-та Национална конференција за рак на дојка

Ретки се настаните каде што имам чест да се обратам, не само како директор на институција, како засегната страна, туку и како индивидуа, како жена која е свесна за сериозноста и опасноста која не демне. Чест ми да ја дадам својата поддршка на Борка во борбата против рак на дојката.

Учество на директорката на ФЗОМ, м-р Маја Парнарџиева-Змејкова на VII Меѓународен конгрес на нови технологии во стоматологијата

Во договорите со општата стоматологија, по барање на Стоматолошката комора, ФЗОМ обезбеди флексибилен пристап, со кој им овозможи на стоматолозите покрај примарната здравствена заштита да пружаат специјалистички услуги, што се надвор од услугите што ги покрива Фондот кај специјалистите стоматолози. За специјалистите Фондот овозможи квартален начин на фактурирање, односно се даде можност самите специјалисти да си го одредат обемот на работа во текот на тромесечието.

Одбележувaње на Светскиот ден на артиритисот – обраќање на директорката на ФЗОМ, м-р Маја Парнарџиева-Змејкова

Свесни сме дека Светскиот ден на артритисот е еден од најзначајните денови за пациентите со ревматолошки заболувања и истиот се прославува насекаде ширум светот.

Учество на директорката на ФЗОМ, м-р Маја Парнарџиева-Змејкова на VII Меѓународен конгрес на нови технологии во стоматологијата

Во договорите со општата стоматологија, по барање на Стоматолошката комора, ФЗОМ обезбеди флексибилен пристап, со кој им овозможи на стоматолозите покрај примарната здравствена заштита да пружаат специјалистички услуги, што се надвор од услугите што ги покрива Фондот кај специјалистите стоматолози.

Одбележување на Европскиот ден на дарување на органи – обраќање на директорката на ФЗОМ, м-р Маја Парнарџиева-Змејковз

Исклучително е важно, секој од нас, да најде барем пет минути и да поразговара со членовите на своето семејство за важноста од спасување нечиј живот. Органодарителството е врв на хуманоста и токму затоа, Фондот посветено работи на неколку проекти со кои органодарителите се изедначија со крводарителите и тие нема да плаќаат партиципација за здравствени услуги.

Подобрено работење на јавните здравствени установи – заклучок од извршени финансиски контроли во првото полугодие од 2014 година

Финансиските контроли на Фондот за здравствено осигурување на Македонија за првото полугодие на 2014 година, констатираа подобрувања кај јавните здравствени установи, особено кај универзитетските клиники и болниците, кои се резултат на соработката и следењето на препораките за подобро финансиско работење од страна на ФЗОМ.