Соопштенија

Отворени денови на Фондот за здравствено осигурување на Македонија во Гостивар

Во рамките на проектот „Отворени денови со граѓаните“, директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Стефаноски и директорот Орхан Рамадани ја посетија подрачната служба на Фондот во Гостивар и остварија директна средба со граѓаните.

Соопштение за аптекарски станици

Проектот Аптекарска станица во населено место во рурална средина е дизајниран да обезбеди континуирана примарна здравствена заштита за осигурениците. Аптекарските станици се отвораат согласно потребите утврдени во мрежата на здравствени установи на Министерството за здравство, бројот на жителите во населените места, оддалеченоста и достапноста на населените места.

Работна посета на аптекарска станица во општина Лозово

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Стефаноски и директорот Орхан Рамадани заедно со министерот за здравство Никола Тодоров во рамките на проектот за отворање на аптеки во руралните средини, денеска ја посетија аптекарската станица која веќе една година работи во просториите на здраствениот дом во село Лозово, а која од неодамна склучи и договор со ФЗОМ за лекови на рецепт.

Ново софтверско решение за остварување на правата од здравствено осигурување за хонорарци

Фондот за здравствено осигурување на Македонија во соработка со Министерство за здравство, Министерството за финансии и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија усогласи постапка за остварување на права од здравствено осигурување на хонорарците.

Електронско поднесување на барања за ин витро - бимедицинско потмогнато оплодување (БПО) и следење на статусот на барањето во реално време на порталот на ФЗОМ

Фондот за здравствено осигурување на Македонија воведува нова електронска услуга која се однесува на осигурените лица кои сакаат да остварат право на Биомедицинско потпомогнато оплодување, односно ин-витро. Со оваа новина што ја воведува Фондот, од понеделник 20 април 2015 година, матичните гинеколози ќе можат да се логираат на порталот на Фондот и преку специјално дизајнирана алатка електронски да го пополнат и достават барањето за остварување на ова право за нивните осигуреници.

Најава за прес конференција

Почитувани, Ве информираме дека денес, петок, 17 април 2015 година во 12:30 часот, директорот на ФЗОМ, Сашо Стефаноски и директорот на ФЗОМ, Орхан Рамадани ќе одржат прес конференција (во Конференциска сала на ФЗОМ). Покануваме ваша екипа да го проследи настанот. Со почит, ФЗОМ

Потребни документи за прием во задолжителното здравствено осигурување на лица со ниски примања

Фондот за здравствено осигурување на Македонија во соработка со Агенцијата за вработување на Република Македонија, по добиените информации од терен и воочената пракса, со цел за подобра информираност на осигурените лица со ниски примања во врска со прибавувањето на документацијата која е потребна за прием на овие лица во системот на задолжителното здравствено осигурување кое го покрива Фондот, известува за следното:

Побрза исплата на надоместокот на плата за време на боледување или породилно отсуство од работа

Фондот за здравствено осигурување на Македонија информира за новите олеснувања за остварување на правото на исплата на боледувања и породилно отсуство, реализирани во рамките на Владиниот проект „Побрза исплата на надоместоци за боледување и породилно отсуство“.

Олеснувања во постапката за пререгистрација на лицата со ниски примања

Со цел да се овозможи полесно остварување на правото за добивање здравствено осигурување, Фондот за здравствено осигурување на Македонија, од оваа година, по службена должност ќе врши пререгистрација во задолжително здравствено осигурување на лицата со ниски примања.

ФЗОМ сака да ја информира јавноста во врска со барање за донација за лекување во странство од страна на мајката на детето Д.Ј.

Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) сака да ја информира јавноста во врска со барање за донација за лекување во странство од страна на мајката на детето Д.Ј. ФЗОМ на детето веќе еднаш му има одобрено лекување во странство. Извршена е успешна хируршка интервенција на товар на ФЗОМ во 2014 година во Турција, за што, медиумите навремено ја известија јавноста.

Промена на раководни лица на ФЗОМ

Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) сака да извести за промена во раководниот кадар на ФЗОМ. Владата на Република Македонија ги именуваше г-ѓа Кристина Христова и г-дин Орхан Рамадани за вршители на должноста директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија.

ФЗОМ доби благодарница од Црвениот Крст на Македонија

Фондот за здравствено осигурување доби благодарница од Црвениот Крст на Македонија, општинската организација на Црвениот Крст - Центар по повод обележување 70 години постоење на оваа хуманитарна организација. Во името на Црвениот Крст благодарницата ја врачи претседателот на општинската организација на Црвениот Крст – Центар, проф. д-р Сунчица Димитријоска.

Изјава на Генералниот директор на ФЗОМ Г-дин Џемали Мехази

Со оглед на чувствителноста креирана во јавноста и рекациите од граѓаните за смрта на малата Тамара Димовска ве известувам за мојата оставка од функцијата директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија.

За лекување во странство на М.С

ФЗОМ ја информира јавноста дека позитнно е решено барањето за лекување во странство на девојчето М.С. , кое се испраќа на лекување во странство во Турција, во времетраење од осумнаесет дена и во придружба на родител.

Едукативнa работилници со пензионерите во Кратово

ФЗОМ продолжува со одржување на едукативните работилници со пензионерите, кои се организираат во соработка со Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија и со Црвениот Крст. Денеска во Кратово се одржа третата едукативна работилница од новиот циклус предвиден за 2015 година, која има за цел да ги едуцира пензионерите за нивните права од областа на лековите и ортопедските помагала.

Едукативнa работилници со пензионерите во Штип

ФЗОМ продолжува со одржување на едукативните работилници со пензионерите, кои се организираат во соработка со Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија и со Црвениот Крст.