Денес во Кичево се одржа 24-тата едукативна работилница, во согласност со договорениот акциски план со Сојузот на пензионери на Македонија, во кој се предвидени 32 едукативни работилници, кои Фондот за здравствено осигурување планира да ги реализира во текот на целата 2015 година, на територија на Република Македонија.
При денешната посета на подрачната служба во Струга, директорите на Фондот, д-р Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани, информираа дека се отворени четири нови аптекарски станици и една нова подвижна аптека. Новите 5 субјекти значат полесна достапност до лекови за 23.000 граѓани.
Директорите на Фондот за здравствено осигурување, д-р Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани, во рамките на денешната работна посета на подрачната служба на Фондот во Штип, продолжуваат со проектот „Отворени денови“, во рамките на кои осваруваат директни средби со осигурениците и на лице место се запознаваат со реалните проблеми и потреби како на осигурениците, така и на вработените.
Фондот за здравствено осигурување на Македонија категорично ги демантира објавите на веб-порталот Либертас, а подоцна преземени и на други портали и медиуми за наводна петиција на матични лекари од Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово кои одбиваат да лекуваат мигранти
Правото на ин витро е една од програмите на Фондот која е со висок приоритет. Нашата цел е да им излеземе во пресрет на сите осигуреници кои сакаат да имаат деца, а имаат потешкотии да го остварат тоа. Визијата на Фондот за здравствено осигурување на Македонија е задоволни осигуреници.
Фондот за здравствено осигурување заедно со Здружението на приватни лекари на Македонија информира за новиот софтвер со кој ќе ја унапредиме и олесниме работата на матичните лекари, а се однесува на полето на превенцијата која тие веќе ја спроведуваат.
Фондот за здравствено осигурување на Македонија преку бројните проекти кои ги реализира продолжува со грижата за своите осигуреници. Овој пат своето внимание им го посвети на најмладите, односно на дечињата кои се лекуваат во болниците низ републикава и на Детската клиника во Скопје.
Во тек на 2014 година, специјализирана медицинска рехабилитација како продолжено болничко лекување со решение од Фондот во бањите во Република Македонија своето право на бањско лекување го искористиле повеќе од 2400 осигуреници, а во тек на првата половина од 2015 година ова право го искористиле околу 1300 осиуреници
Директорите на Фондот за здравствено осигурување, д-р Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани, во рамките на денешната работна посета на подрачната служба на Фондот во Охрид, продолжија со реализација на започнатиот проект во секоја од подрачните служби да се запознаат со реалните проблеми и потреби, како на осигурениците така и на вработените. Овие средби истовремено се и можност за изнаоѓање на моментални или системски решенија за надминување на проблемите и пропустите кои осигурениците или вработените ги детектирале.
Би сакале да ве информираме дека Фондот за здравствено осигурување вчера потпиша договор со нови аптеки, аптекарски станиции и подвижни аптеки, вкупно 21, на територијата на Република Македонија. За сите нови договoрни партнери, утврдивме квоти кои почнуваат да важат од 1 јули 2015.
Од 01.07.2015 година ќе започнат да важат новите квоти за приватните здравствени установи - аптеки. Со оваа прераспределба Фондот има цел да овозможи посоодветна дистрибуција на средствата за лекови, односно подобра снабденост за осигурениците
Почитувани, Во рамките на новиот Проект „Директорите на ФЗОМ директно со осигурениците“, директорите на ФЗОМ, Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани, заедно со стручниот тим на ФЗОМ , денес го поминаа поголемиот дел од работниот ден со вработените и со осигурениците во Подрачната служба – Битола.
„Директорите на ФЗОМ директно со осигурениците“ е новиот проект на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, што почна да се спроведува од денес, 11 јуни 2015 година. Директорите заедно со стручниот тим ја посетија подрачната служба Скопје.
Фонд за здравствено осигурување на Република Македонија и Фармацевтскиот факултет од Скопје денеска потпишуваа меморандум кој предвидува зајакнување на капацитетиите на двете институции преку соработка на разни истражувачки проекти, проектни задачи и организирање на заеднички работилници.
Методологијата Дијагностичко сродни групи (ДСГ), покрај тоа што е систем за евидентирање и фактурирање на здравствени услуги за акутните болнички пациенти, исто така е и метод за евиденција и финансирање на болничката здравствена заштита.
Примената на Договорот за социјално осигурување меѓу Република Македонија и Црна Гора, проширување на модалитетите за соработка меѓу ФЗОМ, решенијата и новините кои ги воведува Фондот за здравствено осигурување на Македонија, како и предизвиците за подигнување на квалитетот на здравствените услуги, добрата пракса и успешните проекти беа тема на еднодневната официјална посета на делегацијата на Фондот за здравствено осигурување на Црна Гора. Посетата на Фондот за здравство е на иницијатива на црногорската делегација.