Соопштенија

Резултати од кол центарот за хронични пациенти

Реализацијата на проектот на Владата на Република Македонија, „Фондот се грижи за хроничните болни“ и најновите резултати од јавувањата на вработените од Фондот во грижата на хронично болните, кои досега со телефонски јавувања, смс пораки и е-пошта контактираа 29.214 осигуреници со дијабетес, кардиолошки и бубрежни заболувања, се одвива според планираната динамика.

Прес конференција на директорите на ФЗОМ

Фондот за здравствено осигурување на Македонија продолжува да промовира нови електронски услуги, во рамки на месец февруари кој е прогласен за месец на електронски услуги. Денес, Фондот на својот портал промовира три нови електронски услуги и тоа за остварување на право на специјализирана медицинска рехабилитација, барање за рефундација за патни трошоци и рефундација на ортопедски помагала. Овие права се гарантирани врз основа на закон и отсега нашите осигуреници ќе имаат можност да ги добијат поедноставно, побрзо и поефикасно по електронски пат.

Посета на лабараторијата на Фармацевтски Факултет

Фондот за здравствено осигурување на Македонија ќе плаќа најголем дел од сумата потребна за над 30-тина типови испитувања за влијанието на лековите кои ги примаат пациентите и тоа пред се со малигни заболувања, но не ограничувајќи се само на нив, а кои ќе се прават во лабараторијата за биомолекуларни фармацевтски анализи при Фармацевткиот факултет

Информација за барање на лекување во странство

Фондот за здравствено осигурување на Македонија, меѓу другите, одобри средства за лекување во странство и за осигурените лица М.М, за И.П. и за Е.Д. за кои имаше апели за донација за лекување во странство.

Електронски барања за ослободување и рефундација на партиципација како и издавање на двојазични обрасци за користење на здравствени услуги во странство

Фондот за здравствено осигурување на Македонија продолжува да промовира нови електронски услуги, во рамки на месец февруари кој е прогласен за месец на електронски услуги.

Подигнување на eлектронски здравствени картички

Фондот за здравствено осигурување сака да ве информира дека по три недели од изработката и дистрибуцијата на електронските здравствени картички во подрачните служби, досега се подигнати 33.154 електронски здравствени картички од вкупно изработени 106.541 за лицата кои имаа поднесено барање и уплатено, а ги немаа добиено картичките.

Прес конференција на директорите на ФЗОМ

Нови електронски услуги – електронски барања за рефундација за болничко лекување, лекови на рецепт и рефундација на вграден и потрошен материјал Три нови електронски услуги за остварување на права на нашите осигуреници кои ги имаат врз основа на закон.

Информација за барање на лекување во странство на осигурените лица Х.С. и И.П.

Почитувани, Во врска со апелите за лекување во странство за осигуреното лице Х.С. сакаме да Ве известиме дека Фондот презема активности и стапи во контакт со родителите, при што утврди дека нема конзилијарно мислење од соодветна македонска здравствена клиника, нема поднесено барање за лекување во странство и поради тоа закажа преглед на Универзитетската клиника за ортопедија во петок, каде лекарите ќе го дадат својот наод и стручно мислење. Доколку биде поднесено барање за лекување во странство, Фондот во законски утврдените рамки ќе донесе одлука.

Средба на директорите на ФЗОМ, д-р Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани со Здружение на родители на деца со ендокринолошки заболувања „Раст

Директорите на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, д-р Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани одржаа работна средба со Александар Петровски, претседател на на Здружението на родители на деца со ендокринолошки заболувања РАСТ.

Прес конференција на директорите на ФЗОМ

Нови електронски услуги – електронски барања за боледување и породилно отсуство и извештај за привремена спреченост за работа. Олеснувања за осигуреници, фирми и матични лекари

Лицата со ниски примања нема потреба да доаѓаат во Фондот за пререгистрација за остварување на право на здравствено осигурување

На почетокот на секоја година се објавуваат податоците за висината на просечна и минимална плата од Државниот завод за статистика. Согласно законот за социјални придонеси, Фондот ги објавува лимитите за остварени приходи поради потребата од пререгистрација за лицата со ниски примања, со цел да имаат континуитет во здравственото осигурување. Бидејќи за минатата година има зголемување на висината на минимална плата, што е еден од параметрите за зголемување на законскиот лимит, годинава има поголеми лимити за здравствено осигурување, согласно нето приходот на осигуреникот кое го има остварено како семејство во 2015 година.

Прес конференција на директорите на ФЗОМ

Февруари - месец на електронски услуги на Фондот за здравствено осигурување Промоција на нова електронска услуга – електронски потврди за ортопедски помагала

Соопштение за подигнување на eлектронски здравствени картички

Фондот за здравствено осигурување ве информира дека електронските здравствени картички (ЕЗК) за лицата кои поднеле барање а сеуште не ги имаат добиено, се испечатени и дистрибуирани до подрачните служби денеска. 

Продолжува проектот “Фондот поблиску до пензионерите” и во 2016 година

Фондот за здравствено осигурување на Македонија како финансиска институција од јавен интерес во здравствениот систем на Република Македонија продолжува со својата отворена и конструктивна соработка со сите субјекти во здравствениот систем, во рамките на своите надлежности и согласно законските прописи. Важен чинител во здравствениот систем се здруженијата на граѓани, а посебно место има Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија.

Резултати од кол центарот за хронични пациенти

Реализацијата на проектот на Владата на Република Македонија, „Фондот се грижи за хроничните болни“ и најновите резултати од јавувањата на вработените од Фондот во грижата на хронично болните кои досега контактираа 19.214 осигуреници со дијабетес, кардиолошки и бубрежни заболувања се одвива според планираната динамика.

Анекси на актуелни договори за релаксирање на казнени одредби за аптеки

По завршување на преговорите со Лекарската и Стоматолошката комора кои резултираа со изработка на нови анекси на договори кои нудат поволности на лекарите и стоматолозите, Фондот заедно со Фармацевтската комора ги разгледа можностите за релаксирање на казнената политика за аптеките.