Соопштенија

Зголемен буџет на Детска болница - Козле за нови методи и поквалитетна здравствена заштита за децата

Директорите на Фондот за здравствено осигурување на Македонија д-р Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани денеска ја посетија Детската болница – Козле и остварија работна средба со директорот др. Оливер Зафировски и Ријад Алими, економскиот директор и менаџерскиот тим на болницата

Посета на подрачната служба и на специјалистичка ординација и на општа болница во Кавадарци

Директни средби со осигурениците денеска оствари директорот на ФЗОМ, д-р Сашо Стефаноски, кој во рамките на отворени денови на Фондот ја посети подрачната служба во Кавадарци. Во непосреден разговор, директорот се информира за задоволството на осигурениците од реализацијата на проектите и услугите на Фондот. Сметајќи ги овие средби за репер преку кој се детектира реалната перцепција на осигурениците и непосредно се добиваат информации за квалитетот на работата на Фондот, Стефаноски ги сослуша нивните предлози и идеи за натамошно подобрување на работата на Фондот.

Посета на подрачната служба и на општа болница Борка Талески во Прилеп

Во рамките на отворени денови на Фондот, директорот на ФЗОМ, д-р Сашо Стефаноски денеска ја посети подрачната служба во Прилеп. Стефаноски оствари директни средби со осигурениците и имаше можност непосредно да разговара со нив. Овие средби се еден од барометрите да се детектира перцепцијата на осигурениците за квалитетот на работата на Фондот, какво е нивното задоволство од реализацијата на проектите и услугите, како и можност да дадат предлози или свои идеи.

Контактирани 65.328 хронични пациенти од кол центарот на ФЗОМ

Реализацијата на проектот на Владата на Република Македонија, „Фондот се грижи за хроничните болни“ се одвива според планираната динамика. Фондот преку телефонски јавувања, смс пораки и е-пошта досега контактираше 65.328 осигуреници со дијабетес, кардиолошки и бубрежни заболувања, како дел од проектот за грижа на хронично болни.

Зголемен интерес за ин витро – доделен 1200-иот ин витро ваучер за 2016 година за прво дете

Фондот за здравствено осигурување на 2 ноември годинава го додели 1200-тиот ваучер ин витро за прво дете за за оваа година. Со задоволство можеме да информираме дека динамиката на остварување на програмата за ин витро, која претставува врвен приоритет за Фондот, ги надмина дури и нашите најоптимистички очекувања, како според бројот на брачни двојки опфатени со оваа постапка, така и според брзината и ефикасноста на нејзината реализација.

Продолжува трендот на зголемено користење на електронски услуги 29,064 осигуреници досега ги искористиле електронските услуги

Во рамки на унапредување и олеснување на комуникацијата помеѓу Фондот за здравствено осигурување и осигурениците, фирмите и здравствените работници, овозможивме сет од електронски услуги на порталот на Фондот со кои на брз, лесен и ефикасен начин осигурениците можат да ги остварат своите законски права без притоа да мораат да доаѓаат на шалтерите на ФЗОМ.

Ортопедски помагала ќе се издаваат и во 332 аптеки со кои Фондот склучи договор по објавен јавен повик

Фондот за здравствено осигурување овозможува остварување на право за ортопедски помагала за кои годишно одвојува значителен износ на финансиски средства, обезбедуваjќи 406 типови ортопедски и други помагала, односно 1210 помагала од различни производители. Заклучно 31 октомври 2016 година, Фондот имаше склучено договор со 31 ортопедска куќа на територија на Македонија, кои имаа мрежа од 111 специјализирани продавници. Финансиските средства кои Фондот ги има предвидено за ортопедски помагала секоја година се зголемуваат па така во 2016 година предвидени се 550 милиони денари.

Крводарителска акција „Фондовско срце“

Дури 20 отсто од вкупно 800 вработени во Фондот за здравствено осигурување на Македонија денеска се вклучија во крводарителската акција „Фондовско срце“ која е организирана во соработка со Институтот за трансфузиона медицина.

Нови шест специјалистички ординации склучија договор со ФЗОМ - Зголемена достапност на специјалистичка здравствена заштита за граѓаните

Фондот за здравствено осигурување на Македонија склучи договори со шест нови специјалисти во четири градови во државата кои станаа дел од мрежата на здравствени установи, и со тоа им овозможи на осигурениците да добиваат специјалистичка здравствена заштита на товар на Фондот.

Отворени денови на ФЗОМ

Од утре, четврток, 6 октомври 2016 година, во сите 30 подрачни служби на Фондот продолжуваме со практиката на отворени денови за осигурениците.

Контактирани 58.639 хронични пациенти од кол центарот на ФЗОМ

Реализацијата на проектот на Владата на Република Македонија, „Фондот се грижи за хроничните болни“ и најновите резултати од јавувањата на вработените од Фондот во грижата на хронично болните, кои досега со телефонски јавувања, смс пораки и е-пошта контактираа 58.639 осигуреници со дијабетес, кардиолошки и бубрежни заболувања, се одвива според планираната динамика.

24,764 осигуреници досега ги искористиле електронските услуги

Во рамки на унапредување и олеснување на комуникацијата помеѓу Фондот за здравствено осигурување и осигурениците, фирмите и здравствените работници, овозможивме сет од електронски услуги на порталот на Фондот со кои на брз, лесен и ефикасен начин осигурениците можат да ги остварат своите законски права без притоа да мораат да доаѓаат на шалтерите на ФЗОМ.

Говор на директорот на ФЗОМ Др. Сашо Стефаноски по повод Светски ден за подигнување на свесноста за растот кај децата

Нашата соработка со здружението на деца со ендокринолошки заболувања "Раст", на заемно задоволство, започна во моментите кога здравствениот систем се соочуваше со недостаток на хормон за раст наменет за дечињата на кои им беше потребен. ФЗОМ одлучи да ја покрива оваа терапија и од 2011 година преку условен буџет – кој претставува строго наменети средства кои можат да се користат само за хормон за раст ги стави на располагање на Детската клиника. Ова е направено со цел како Фонд да се осигураме дека Детската клиника секогаш ќе располага со доволна количина на хормон за раст.

ДЕМАНТ - На прес конференцијата на г-ѓа. Ременски на 19.09.2016 година

Почитувани, ја разбираме потребата на г-ѓа Ременски да изгледа дека нешто работи, но Фондот сака да информира дека категориите граѓани кои ги спомна, се веќе ослободени од партиципација и истите не плаќаат партиципација согласно Законот за здравствено осигурување уште од 29.3.2000 година, односно цели 16 години.

Соопштение до јавноста

Почитувани, по повод пишувањата на определени веб портали и социјални мрежи кои повикуваат за донации, Фзо сака да ја извести јавноста дека го одобри лекувањето во Р. Германија за бебето Мартин Мицев во целост во висина од 280.000 евра. Решението е предадено на родителите. Фзом посакува побрзо излекување и закрепнување.                Со почит,                    ФЗОМ

Фондот за здравствено осигурување на Македонија објави јавен повик за склучување договори за издавање на ортопедски и други помагала

Фондот за здравствено осигурување на Македонија ве известува дека со цел за обезбедување на поголема достапност на ортопедски и други помагала од списокот на ортопедски и други помагала за осигурениците на товар на Фондот, објави јавен повик за склучување договори со сите заинтересирани ортопедски куќи регистрирани за промет и производство на ортопедски и други помагала и здравствени установи – аптеки, кои се вклучени во мрежата според Уредбата за мрежа на здравствени установи. Објавениот оглас е во согласност со член 130 од Законот за лековите и медицинските помагала како и член 9 став 1 под б) точка 3 и член 70 од Законот за здравствено осигурување, а во врска со член 11 од Правилникот индикациите за остварување на право на ортопедски и други помагала.