Соопштенија

ФЗОМ пример за отчетност и употреба на концептот на буџетирање по перформанси

На националната конференција „Транспарентност, перформанси и отчетност на Буџетот на Република Македонија“, која се одржа на 29 јануари во организација на Центарот за економски анализи и Институтот за демократија Социетас цивилис ФЗОМ беше потенциран како пример на институција со потенцијал и напреден пристап во буџетската транспарентност.

Крводарителна акција во ФЗОМ

Денеска во Фондот за здравствено осигурување на Македонија во просториите на централата и на подрачните служби, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Црвениот крст се одржа крводарителна акција под мотото „Фондовско срце“.

Буџет на ФЗОМ и условни надоместоци (буџети) за јавни здравствени установи за 2015 година

ФЗОМ и за 2015 година ќе има рекорден буџет во износ од 24 милијарди денари. Годинава буџетот е зголемен за 1,4 милијарди денари (6,4%) во однос на минатата година. Поради тоа, Фондот направи распределба и зголемување на буџетите на јавните здравствени установи во износ од 600 милиони денари (12,2 милијарди во 2014 година, 12,8 милијарди денари во 2015 година).

Демант за лицето Н. Џ.

Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) сака повторно да ја информира јавноста во врска со барање за донација за лекување во странство од страна на родителите на детето Н.Џ.

3 новини за ортопедски помагала на товар на ФЗОМ

Воведување електромоторна инвалидска количка – скутер за лица од 7 до 26 години и постари од 65 години со траен инвалидитет, олеснување на постапката за остварување на право на помагалото вештачка дојка, како и остварување право на батерии со 6 месечна заверка на потврдата за осигурениците со кохлеарен имплантм се новините кои започнуваат да важат од 01.01.2015 година

18-та работилница за едукација на пензионерите за нивните права од здравствено осигурување

Денес во Велес се одржа осумнаесеттата работилница наменета за пензионерите за едукација на нивните права од здравствено осигурување, како и едукација за определени здравствени програми кои ги финансира ФЗОМ. Едукативните работилници веќе цела година се организираат во соработка на Црвениот Крст на Македонија и Сојузот на здруженија на пензионери. На денешната работилница поздравен говор имаа м-р Маја Парнарџиева- Змејкова, директор на ФЗОМ и г. Драги Аргировски, претседател на сојуз на здруженија на пензионери.

Меморандум за соработка меѓу ФЗОМ и Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи

На зедничка иницијатива, договорена е соработка меѓу Фондот за здравствено осигурување на Македонија и Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи. За таа цел, директорката на ФЗОМ, м-р Маја Парнарџиева-Змејкова потпиша Меморандум за соработка со директорката на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи, проф. др. Елизабета Зисовскa.

Превенција од срцеви заболувања, бубрежни заболувања и дијабетес

Почетокот на 2014 година се воведоа нови превентивни мерки и активности кај матичните лекари. Оваа договорена активност со Фондот за здравствено осигурување како проект на Владата на Р. Македонија, матичните лекари, за првите шест месеци од 2014 година ја спроведе на 325.000 лица.

Избрана алтернативата за проектот „Побрза исплата на надоместоци и боледувања“

Во врска со трите предложени модели за побрза исплата на надоместоци и боледувања, Владата на Република Македонија, на последната Владина седница одржана вчера, одлучи дека најповолен е третиот модел на административно олеснување.

Пулт за информации во подрачна служба Скопје

ФЗОМ сака да ја информира јавноста дека во подрачната служба Скопје има пулт за информации на кој граѓаните и осигурениците може бесплатно да ги добијат сите потребни информации во врска со сите услуги на ФЗОМ

V Меѓународен конгрес за перформанси и квалитет во здравствените системи – во Анталија Турција

На 5-тиот Меѓународен конгрес за перформанси и квалитет кои се одржува во Анталија, Р.Турција, голем број на презентери ги претставија новините во здравството во нивните земји.

Е-потврди за редовни студенти

Со новиот проект „Е-потврди за редовни студенти“ Фондот овозможи големи придобивки за редовните студенти, кои до сега потврдата за редовно школување требаше да ја заверат во студентски прашања, па да ја достават на шалтерите во подрачните служби на ФЗОМ.

Нови услуги на истурените шалтери на ФЗОМ

Фондот за здравствено осигурување на Македонија ги известува сите осигуреници дека од 20 ноември 2014 година, заверка на потврди за отопедаски помагала кои до сега се вршеа во подрачната служба во центар, ќе се вршат и на истурените шалтери на ФЗОМ во поликлиниките во Ѓорче Петров, Ченто, Драчево, Чаир, Шуто Оризари и истурениот шалтер во општина Илинден. Работно време на истурените шалтери е секој работен ден од 7:30 до 15:30 часот.