Соопштенија

Зголемување на вредноста на капитациониот бод

Како резултат од разговорите и преговорите со  Лекарската комора на РСМ и Стоматолошката комора на РСМ, а во насока на повисоко вреднување на трудот на избраните лекари и зголемување на квалитетот на пружените здравствени услуги на осигурените лица, на последната  седница на Управниот одбор, одржана на 26 декември 2022 година,  донесе одлука, од први јануари 2023 година да ја зголеми  вредноста на капитациониот бод за избраните лекари по општа медицина и гинекологија од 63,00  на 75,00 денари.

Известување до ЈЗУ/ПЗУ

Известување за доставување на документација за обезбедување на видот и обемот на здравствени услуги на осигурените лица за 2023 година

Јавна расправа за промена на законската регулатива за пациентите кои се соочуваат со неплодност

На јавната расправа на тема „Кон промени на законската регулатива за поголема поддршка на пациенти кои се соочуваат со неплодност“ која се одржа во Собранието на РСМ, организирана од Здружението за хумана репродукција и биопотпомогнато оплодување “ До бебе по патот на ИВФ“ свое излагање имаше и директорката на ФЗОРСМ М-р. Магдалена Филиповска -Грашкоска.

Светски ден на МС: ФЗОРСМ е целосно посветен на обезбедување навремена терапија

Под мотото MS-Connestions-МС-Поврзување се одбележа Светскиот ден на мултипла склероза со цел поддршка и охрабрување на лицата кои живеат со МС, а во организација на Националното Здружение за МС

Одбележана "Неделата на женското здравје"

Македонската асоцијација на гинеколози и опстетичари - МАГО ја одбележа „Неделата на женското здравје” како дел од кампањата за обезбедување на уште подобра институционална заштита на жените и професионално здравствено информирање за сите превентивни прегледи. На настанот беше претставен и проектот „Мобилни гинеколошки амбуланти“, а се разговараше и за развивање нова стратегија за ХПВ вакцината во РСМ, каде што и момчињата рутински би се вакцинирале против ХПВ.

Времени мерки за осигурени лица за остварување права од здравствено осигурување во услови на пандемија на Коронавирус COVID-19

Фондот за здравствено осигурување презема низа мерки во интерес на безбедноста на граѓаните на целата државата, како и на здравствените работници за да се минимизира непотребниот контакт меѓу матичните лекари и пациентите, кои треба да се обраќаат на лекар само кога тоа е навистина неопходно

Известување за потпишувањето на фактурите

Почитувани, ве известуваме дека проблемот со потпишувањето на фактурите е надминат, и можете да ги потпишете преку најновите верзии на Google Chrome и Mozilla Firefox, што се однесува до Microsoft Edge сеуште се работи на отстранување на проблемот.

Соопштение до јавноста

Почитувани, Поради се почестата злоупотреба на Фондот за здравствено осигурување од граѓани кои собираат донации за лекување во странство, принудени сме да реагираме во јавноста.

Известување за надградба на системот

Поради надградба во апликативниот дел на системот, ФЗОРСМ не може да ги прифати месечните фактури од здравствените установи. Рокот за потпишување на фактурите ќе биде соодветно пролонгиран и ќе бидете навреме известени преку соопштение на нашата веб страна.

Времени мерки за осигурени лица за остварување права од здравствено осигурување во услови на пандемија на Коронавирус COVID-19

Фондот за здравствено осигурување презема низа мерки во интерес на безбедноста на граѓаните на целата државата, како и на здравствените работници за да се минимизира непотребниот контакт меѓу матичните лекари и пациентите, кои треба да се обраќаат на лекар само кога тоа е навистина неопходно

Времени мерки за осигурени лица за остварување права од здравствено осигурување во услови на пандемија на Коронавирус COVID-19

Фондот за здравствено осигурување презема низа мерки во интерес на безбедноста на граѓаните на целата државата, како и на здравствените работници за да се минимизира непотребниот контакт меѓу матичните лекари и пациентите, кои треба да се обраќаат на лекар само кога тоа е навистина неопходно

Времени мерки за осигурени лица за остварување права од здравствено осигурување во услови на пандемија на Коронавирус COVID-19

Фондот за здравствено осигурување презема низа мерки во интерес на безбедноста на граѓаните на целата државата, како и на здравствените работници за да се минимизира непотребниот контакт меѓу матичните лекари и пациентите, кои треба да се обраќаат на лекар само кога тоа е навистина неопход...

Соопштение за технички проблеми кај порталот на ФЗОРСМ

Заради технички проблеми дел од услугите достапни на порталот на ФЗОРСМ  се извршуваат  забавено, ова особено се однесува на делот поврзан со фактурирањето кон  ФЗОРСМ на  Здравствените установи за обезбедените здравствени услуги кон осигурениците  во изминатиот месец.

Соопштение за продолжување на боледување

Продолжување на боледување по сите основи, избраниот лекар врши врз основа на непосреден преглед на осигуреното лице. При тоа почнувајќи од 28.07.2021 година (среда) потребната скенирана документација(ПСР образецот и извештајот од специјалист/конзилијарно мислење/отпусно писмо)...

Издавање на лабораториски упат ЛУ 1- COVID – 19 од избран лекар

Во Службен весник на Република Северна Македонија бр.303/2020 на 21.12.2020 година, објавена е Одлуката за дополнување на Одлуката за утврдување на обрасците предвидени во Правилникот за содржината и начинот на остварување на правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување, со која се воведува новиот образец на Лабораториски упат 1 – COVID-19-(SARS-CoV2) -“ЛУ1-COVID-19. На одлуката направена е исправка во Службен весник на Република Северна Македонија бр.311/2020 од 28.12.2020 година, со која е објавен и самиот образец на овој упат кој е потребно да се применува во пракса.

Соопштение за пререгистрација / регистрација во задолжително здравствено осигурување на лицата со пониски и повисоки приходи

Согласно Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија секоја година на почеток на месец февруари, ги објавува лимитите за остварени приходи поради потребата од пререгистрација/регистрација за лицата со ниски и повисоки примања, со цел да имаат континуитет во здравственото осигурување.