Соопштенија

Продолжува трендот на зголемено користење на електронски услуги 29,064 осигуреници досега ги искористиле електронските услуги

Во рамки на унапредување и олеснување на комуникацијата помеѓу Фондот за здравствено осигурување и осигурениците, фирмите и здравствените работници, овозможивме сет од електронски услуги на порталот на Фондот со кои на брз, лесен и ефикасен начин осигурениците можат да ги остварат своите законски права без притоа да мораат да доаѓаат на шалтерите на ФЗОМ.

Ортопедски помагала ќе се издаваат и во 332 аптеки со кои Фондот склучи договор по објавен јавен повик

Фондот за здравствено осигурување овозможува остварување на право за ортопедски помагала за кои годишно одвојува значителен износ на финансиски средства, обезбедуваjќи 406 типови ортопедски и други помагала, односно 1210 помагала од различни производители. Заклучно 31 октомври 2016 година, Фондот имаше склучено договор со 31 ортопедска куќа на територија на Македонија, кои имаа мрежа од 111 специјализирани продавници. Финансиските средства кои Фондот ги има предвидено за ортопедски помагала секоја година се зголемуваат па така во 2016 година предвидени се 550 милиони денари.

Крводарителска акција „Фондовско срце“

Дури 20 отсто од вкупно 800 вработени во Фондот за здравствено осигурување на Македонија денеска се вклучија во крводарителската акција „Фондовско срце“ која е организирана во соработка со Институтот за трансфузиона медицина.

Нови шест специјалистички ординации склучија договор со ФЗОМ - Зголемена достапност на специјалистичка здравствена заштита за граѓаните

Фондот за здравствено осигурување на Македонија склучи договори со шест нови специјалисти во четири градови во државата кои станаа дел од мрежата на здравствени установи, и со тоа им овозможи на осигурениците да добиваат специјалистичка здравствена заштита на товар на Фондот.

Отворени денови на ФЗОМ

Од утре, четврток, 6 октомври 2016 година, во сите 30 подрачни служби на Фондот продолжуваме со практиката на отворени денови за осигурениците.

Контактирани 58.639 хронични пациенти од кол центарот на ФЗОМ

Реализацијата на проектот на Владата на Република Македонија, „Фондот се грижи за хроничните болни“ и најновите резултати од јавувањата на вработените од Фондот во грижата на хронично болните, кои досега со телефонски јавувања, смс пораки и е-пошта контактираа 58.639 осигуреници со дијабетес, кардиолошки и бубрежни заболувања, се одвива според планираната динамика.

24,764 осигуреници досега ги искористиле електронските услуги

Во рамки на унапредување и олеснување на комуникацијата помеѓу Фондот за здравствено осигурување и осигурениците, фирмите и здравствените работници, овозможивме сет од електронски услуги на порталот на Фондот со кои на брз, лесен и ефикасен начин осигурениците можат да ги остварат своите законски права без притоа да мораат да доаѓаат на шалтерите на ФЗОМ.

Говор на директорот на ФЗОМ Др. Сашо Стефаноски по повод Светски ден за подигнување на свесноста за растот кај децата

Нашата соработка со здружението на деца со ендокринолошки заболувања "Раст", на заемно задоволство, започна во моментите кога здравствениот систем се соочуваше со недостаток на хормон за раст наменет за дечињата на кои им беше потребен. ФЗОМ одлучи да ја покрива оваа терапија и од 2011 година преку условен буџет – кој претставува строго наменети средства кои можат да се користат само за хормон за раст ги стави на располагање на Детската клиника. Ова е направено со цел како Фонд да се осигураме дека Детската клиника секогаш ќе располага со доволна количина на хормон за раст.

ДЕМАНТ - На прес конференцијата на г-ѓа. Ременски на 19.09.2016 година

Почитувани, ја разбираме потребата на г-ѓа Ременски да изгледа дека нешто работи, но Фондот сака да информира дека категориите граѓани кои ги спомна, се веќе ослободени од партиципација и истите не плаќаат партиципација согласно Законот за здравствено осигурување уште од 29.3.2000 година, односно цели 16 години.

Соопштение до јавноста

Почитувани, по повод пишувањата на определени веб портали и социјални мрежи кои повикуваат за донации, Фзо сака да ја извести јавноста дека го одобри лекувањето во Р. Германија за бебето Мартин Мицев во целост во висина од 280.000 евра. Решението е предадено на родителите. Фзом посакува побрзо излекување и закрепнување.                Со почит,                    ФЗОМ

Фондот за здравствено осигурување на Македонија објави јавен повик за склучување договори за издавање на ортопедски и други помагала

Фондот за здравствено осигурување на Македонија ве известува дека со цел за обезбедување на поголема достапност на ортопедски и други помагала од списокот на ортопедски и други помагала за осигурениците на товар на Фондот, објави јавен повик за склучување договори со сите заинтересирани ортопедски куќи регистрирани за промет и производство на ортопедски и други помагала и здравствени установи – аптеки, кои се вклучени во мрежата според Уредбата за мрежа на здравствени установи. Објавениот оглас е во согласност со член 130 од Законот за лековите и медицинските помагала како и член 9 став 1 под б) точка 3 и член 70 од Законот за здравствено осигурување, а во врска со член 11 од Правилникот индикациите за остварување на право на ортопедски и други помагала.

Отварање на нова рурална амбуланта во Пештани

По барање на граѓаните за отворање на амбуланта по општа медицина на потегот помеѓу Пештани и Љубаништа, која би покривала околу 3000 граѓани во текот на годината, ФЗОМ и МЗ објавија оглас за пополнување на празните локации на здравствените домови кои се категоризираат како рурални амбуланти.

Зголемено користењето на електронските услуги 21,127 осигуреници досега ги искористиле електронските услуги

Во рамки на унапредување и олеснување на комуникацијата помеѓу Фондот за здравствено осигурување и осигурениците, фирмите и здравствените работници, овозможивме сет од електронски услуги на порталот на Фондот со кои на брз, лесен и ефикасен начин осигурениците можат да ги остварат своите законски права без притоа да мораат да доаѓаат на шалтерите на ФЗОМ.

Прес конференција на директорите на ФЗОМ

Со воведување на превентивните цели во примарната здравствена заштита, за дејноста општа медицина, овозможуваме рационализирање и правилно искористување на средствата на Фондот, како и подигнување на квалитетот на здравствена заштита во државата.

Директорите на ФЗО во работна посета на Бугарија за размена на искуства и унапредување на соработката помеѓу фондовите на Македонија и Бугарија

Денес во еднодневна работна посета на Република Бугарија се д-р Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани, директори на Фондот за здравствено осигурување на Македонија.

Зголемено користењето на електронските услуги - 16,721 осигуреници досега ги искористиле електронските услуги

Во рамки на унапредување и олеснување на комуникацијата помеѓу Фондот за здравствено осигурување и осигурениците, фирмите и здравствените работници, овозможивме сет од електронски услуги на порталот на Фондот со кои на брз, лесен и ефикасен начин осигурениците можат да ги остварат своите законски права без притоа да мораат да доаѓаат на шалтерите на ФЗОМ.

Демант од ФЗОМ за прилози за ЕЗК на ТВ 24 ВЕСТИ

Почитувани, Во врска со Вашите прилози за ЕЗК, а особено вчерашниот прилог од новинарот Гаврил Сирачевски насловен „Експерти: Електронските картички за полнење буџет“ го испраќаме следниов демант, бараме да го објавите согласно член 14 – право на реагирање, демант, одговор и исправка од законот за граѓанска одговорност сл. Весник бр.143 од 14.11.2011.

Годишен извештај за ДСГ за 2015 и прв квартал 2016 ГОБ 8 Септември со најдобри резултати

Методологијата Дијагностичко сродни групи (ДСГ), покрај тоа што претставува систем за евидентирање и фактурирање на здравствени услуги за акутните болнички пациенти, исто така ова е метод за евиденција и финансирање на болничката здравствена заштита.