Соопштенија

Соопштение до осигурените и овластените лица на здравствените установи/правни лица кои имаат сметки во Еуростандард банка

Во врска со Соопштението на Народна банка на Република Северна Македонија објавено на 12.08.2020 година за укинување на дозволата за основање и работење на Еуростандард банка АД Скопје, СЕ ИЗВЕСТУВААТ сите осигуреници кои имаат поведено постапка во Фондот за остварување на некое право од задолжителното здравствено осигурување како и овластените лица на здравствените установи/ правни лица со активен договор со Фондот, кои имаат трансакциски сметки во Еуростандард банка АД Скопје, во најкраток можен рок да достават известување до Фондот на која трансакциска сметка од друга банка во РСМ би сакале да им продолжи исплата на средства, во наредниот период.

Соопштение до осигурените лица и овластените лица на здравствените установи кои имаат сметки во Еуростандард банка АД Скопје

Соопштение до осигурените лица на Фондот и овластените лица на здравствените установи/правни лица кои имаат трансакциски сметки во Еуростандард банка АД Скопје

Соопштение за ПЗУ од специјалистичко консултативна здравствена заштита

На здравствените установи од специјалистичко консултативна здравствена заштита, за време на важење на времените мерки заради спречување од ширење на Коронавирусот од страна на Фондот и Министерството за здравство им беше препорачано да пружаат здравствени услуги на осигурените лица само во итни случаи.

Пропишување и издавање на лекови без хартија преку воведување на еРецепт

Фондот за здравствено осигурување од утре, први мај 2020 година воведува пропишување и издавање на лекови без хартија, преку електронски рецепт еРецепт за хронична терапија за хронично болни лица

Соопштение - За одбележување на Светската недела за рационална употреба на антибиотици

Фондот за здравствено осигурување активно ја поддржува и годинава учествува во националната кампања за подигнување на јавната свест за правилно користење на антибиотиците, во рамките на одбележувањето на Светската недела за рационална употреба на антибиотиците и Европскиот ден за рационална употреба на антибиотиците со цел зачувување на нивната особена тераписка важност и вредност како лекови кои спасуваат животи.

Зголемување на капитациониот бод за 8 денари, зголемување на надоместоците на приватните здравствени установи за 15 насто

Соопштение - Зголемување на капитациониот бод за 8 денари, зголемување на надоместоците на приватните здравствени установи за 15 насто, зголемување на надоместокот за аптеки на 18 насто

Анекс за продолжување на договорите со аптеките

На денешната средба што се оддржа во Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Фондот и Фармацевтска комора на Македонија се договорија да се потпише анекс за продолжување на постоечките договори кој ќе се применува од 01.01.2019 година до 31.12.2019 година. Во меѓувреме преставниците на Фондот за здравство и Комората ќе работат на подобрување на содржината на договорот и негова корекција.

Соопштение: Анекс за продолжување на договорите со избраните лекари стоматолози и специјалисти стоматолози

На денешната средба што се одржа во просториите на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Фондот и Стоматолошка комора на Македонија се договорија да се потпише анекс за продолжување на постоечките договори со избраните лекари стоматолози и специјалисти стоматолози кој ќе се применува во наредните шест месеци. Во меѓувреме преставниците на Фондот за здравство и Комората ќе формираат посебни работни групи кои ќе работат на подобрување на договорите и нивни корекции.

Соопштение во врска со Анексите за продолжување на договори со избраните лекари

На денешната средба што се одржа во просториите на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Фондот и Лекарската комора на Македонија се договорија да се потпише анекс за продолжување на постоечките договори со избраните лекари, гинеколозите, педијатрите и лабараториите, кој ќе се применува во наредните шест месеци. Во меѓувреме преставниците на Фондот за здравство и Комората ќе формираат посебни работни групи кои ќе работат на подобрување на договорите и нивни корекции.