Соопштенија

Соопштение за избрани гинеколози

Фондот за здравствено осигурување на Македонија, согласно разговорите и преговорите, а на предлог на Здружението на приватните гинеколози акушери на Македонија (ЗПГАМ),а во насока на повисоко вреднување на трудот на избраните гинеколози и зголемување на квалитетот на пружените здравствени услуги на осигурените лица, на седница на Управниот одбор на Фондот одржана на ден 29.07.2018 година

Новости за е-услуги на ФЗОМ

Фондот за здравствено осигурување превзема активности за надминување на проблемите кој ги имавте континуирано во изминатиот период поврзани со дигиталното потпишување при користење на web порталот на ФЗОМ на било кој пребарувач со обезбедување на Web базирана компонента за дигитално потпишување.

За сторија објавена на Плусинфо и Слободен Печат на 28 декември 2017

Фондот за здравствено осигурување на Македонија во врска со написот објавен на Плусинфо и Слободен Печат со наслов „Фондот за здравство сака две возила од по 60.000 евра?!“ ве информира за следново: Во буџетот на Фондот за 2017 година, изгласан од претходниот состав на Управниот Одбор на Фондот, во ноември 2016, беа предвидени 4 милиони денари за набавка на нови возила за потребите на Фондот. Со ребалансот на буџетот за 2017 година, изгласан во ноември 2017 година, оваа ставка беше зголемена на 6 милиони денари.

Известување до здравствените установи и ортопедските куќи во врска со истекот на ЕЗК

Здравствените установи кои имаат склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на Македонија, месечните фактури и целокупната финансиска документација за извршени здравствени услуги ги доставуваат до Фондот. Дел од финансиската документација верификувана со дигитален потпис од електронска здравствена картичка (ЕЗК) на овластените лица од здравствената установа, електронски се доставува преку веб порталот на Фондот.

Информација - За барање за донација за лекување во странство на осигуреното лице В.З

Фондот за здравствено осигурување, во однос на апелот за донација за лекување во странство на девојчето Валерија Зафировска, стапи во контакт со родителот и утврди дека осигуреното лице не располага со конзилијарно мислење од соодветна македонска здравствена установа.

Крводарителска акција "Фондовското срце"

Вработените во Фондот за здравствено осигурување на Македонија денеска по четврти пат во голем број се вклучија во крводарителската акција „Фондовско срце“ која се организира во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Црвениот Крст.

Право на итна и неопходна здравствена заштита на осигурените лица на ФЗОМ во странство

Фондот за здравствено осигурување на Македонија ги известува сите осигурени лица дека за време на годишниот одмор можат да го остварат своето право на итна и неопходна здравствена заштита надвор од територијата на Република Македонија, и тоа во следните земји: Германија, Австрија, Турција, Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Босна и Херцеговина, Чешка, Холандија, Луксембург, Белгија, Франција и Италија, Словачка и Албанија.

Во 2017 поголем број на здравствени услуги и поголем буџет за УК за детска хирургија

Фондот за здравствено осигурување на Македонија во 2017 година обезбеди вкупен буџет за Универзитетска клиника за детска хирургија од 133 милиони денари, што споредено со 2012 година, кога буџетот на УК детска хирургија изнесуваше 65 милиони денари, значи зголемување за повеќе од двапати.

Фондот за здравство поблиску до пензионерите

Директорите на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, др. Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани беа во посета на сојузот на пензионери и одржаа работна средба со претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија Драги Аргировски и со претставници од Сојузот на пензионери на Македонија.

Лицата со ниски примања и оваа година нема потреба да доаѓаат во Фондот за пререгистрација за остварување на право на здравствено осигурување

На почетокот на секоја година се објавуваат податоците за висината на просечна и минимална плата од Државниот завод за статистика. Согласно Законот за социјални придонеси, Фондот ги објавува лимитите за остварени приходи поради потребата од пререгистрација за лицата со ниски примања, со цел да имаат континуитет во здравственото осигурување. Бидејќи за минатата година има зголемување на висината на минимална плата, што е еден од параметрите за зголемување на законскиот лимит, годинава има поголеми лимити за здравствено осигурување, согласно нето приходот на осигуреникот кое го има остварено како семејство во 2016 година.

За одобрено барање на лекување во странство на осигуреното лице Л.Ј

Фондот за здравствено осигурување сака да ја информира јавноста дека постапи максимално брзо по поднесеното барање за лекување во странство со конзилијарно мислење за осигуреното лице Л.Ј. и го одобри лекувањето во целост во Турција. Фондот искрено се надева дека лекувањето на малиот Л.Ј. ќе биде успешно.