Утврдување (стекнување) на својство на осигурено лице

Утврдување (стекнување) на својство на осигурено лице

Според член 5 став 1 и 2 од Законот за здравствено осигурување, постојат следните наведени основи на задолжително здравствено осигурување на осигурениците. За утврдување на секое поединечно својство на осигурено лице, наведени се неопходните документи за евиденција на осигурениците по соодветен основ во подрачните служби.

Врз основа на член 6 од законот за здравствено осигурување, со задолжителното здравствено осигурување на осигуреникот (носителот на здравственото осигурување), се обезбедува задолжително здравствено осигурување и на членовите на неговото семејство, ако не се осигурени според некој од претходно споменатите основи.

Како членови на семејство на осигуреникот, се сметаат: брачниот другар и децата родени во брак или вон брак, посиноците, посвоените деца и децата земени на издржување.

Децата на осигуреникот се здравствено осигурени:

  • до навршување на 18 годишна возраст, освен ако се на редовно школување, но најдоцна до навршување на 26 годишна возраст.
  • Кога се на вонредно школување, ако поради природата на болеста не се во можност редовно да ја посетуваат наставата и
  • Ако се или станат неспособни за самостоен живот и работа во смисла на прописите на пензиското и инвалидското осигурување, односно за социјална заштита, ако осигуреникот ги издржува- за сето време додека трае таквата неспособност.

Потребна документација:

  • пријава за здравствено осигурување (ЗО1 образец )
  • доказ за докажување на сродството со осигуреникот ( извод од венчани, извод за родени, Решение од Центарот за социјални работи за посвоени деца и деца земени на издржување или др. решение од надлежен орган);
  • потврда за редовно школување за запишана нова учебна година ( за деца од 18 до 26 години).
  • За деца кои ќе станат неспособни за самостоен живот- Решение од надлежен орган според прописите за пензиско и инвалидско осигурување, односно социјална заштита

Одјава од задолжително здравствено осигурување ( за физичко лице)

Потребна документација:

  • Одјава од задолжително здравствено осигурување (ЗО1 образец )
  • М2 одјава за престанок на работен однос
  • друг доказ според кој престанува (или се губи) основот за задолжително
  • Здравствено осигурување

Евиденција на осигурените лица

Подрачната служба на Фондот, врз основа на податоците од пријавата - одјавата за здравствено осигурување (ЗО1 образец ), води евиденција на осигурените лица (база на податоци на осигурени лица)

Издавање на здравствена легитимација

Врз основа на поднесената пријава за здравствено осигурување (образец ЗО-1) со која се утврдува својството на осигуреник и податоците во пријавата, подрачната служба на Фондот издава здравствена легитимација.

За членовите на семејството (осигурени лица), здравствената легитимација се издава врз основа поднесена пријава со доказ за сродството ( извод од матична книга на родени за децата , односно венчани за брачниот другар) а за децата постари од 18 години се прилага и потврда за редовно школување.

Доколку дојде до промена на основот на сигурување, во здравствената легитимација се внесуваат само податоците за новиот обврзник за плаќање на придонесот, назив на субјектот, регистарски број и шифра на (презаверка на здравствена легитимација)

Потребна документација:

  • пријава за здравствено осигурување (ЗО1 образец )
  • здравствена легитимација
  • потврда од Образовната установа во РМ за статусот на студент или ученик
  • лична карта за странец или потврда за регулиран престој во РМ

а) Со конвенција

Потребна документација:

  • пријава за здравствено осигурување ( ЗО1 образец )(заверен од ПИОМ)
  • здравствена легитимација;
  • Решение од ПИОМ за остварување право на пензија или чек од пензија

б) Без конвенција

Потребна документација:

  • пријава за здравствено осигурување ( ЗО1 образец )
  • здравствена легитимација
  • доказ за висината на примената странска пензија (од банка)

Потребна документација:

  • пријава за здравствено осигурување ( ЗО1 образец )(заверен од ПИОМ)
  • здравствена легитимација;
  • Решение од ПИОМ за остварување право на пензија или чек од пензија

Потребна документација:

А) невработени лица со паричен надоместок

  • пријава за здравствено осигурување ( ЗО1 образец )
  • М1 пријава за заснован работен однос
  • здравствена легитимација

Б)Лица кои се пријавуваат во Агенцијата за вработување и активно бара работа

  • пријава за здравствено осигурување ( ЗО1 образец )
  • здравствена легитимација
  • лична карта на увид
  • доказ дека лицето се пријавува во АВРМ (копија од картон или потврда)
  • извод од матична книга на родени ( копија), односно венчани

а.) Физичко лице (се пријавува само за здравствено осигурување)

Потребна документација:

  • пријава за здравствено осигурување (ЗО1 образец)
  • здравствена легитимација;
  • Имотен лист или поседовен лист (не постар од 6 месеци)или Уверение од УЈП за остварени приходи од вршење на земјоделска дејност или Договор за закуп на земјоделско земјиште


б.) Физичко лице (се пријавува за здравствено и за пензиско и инвалидско осигурување)

Потребна документација:

  • пријава за здравствено осигурување ЗО-1 образец
  • Решение од ПИОМ за утврдување на својство на осигурено лице

 

Потребна документација:

  • пријава за здравствено осигурување  ( ЗО1 образец )
  • М1 пријава за  заснован работен однос
  • здравствена легитимација;     
  • Правата од задолжителното здравствено осигурување може да ги оствари само лице на кое му е утврдено својство на осигуреник, односно осигурено лице. 
  • Својството на осигуреник  и осигурено лице се утврдува врз основа на пријава за здравствено осигурување (Образец ЗО-1) што ја поднесува обврзникот за пресметка и уплата на придонесот за задолжително здравствено осигурување, односно лицето кое бара утврдување на својство на осигуреник, односно осигурено лице. 
  • Пријавата за здравствено осигурување се поднесува до Подрачната служба на Фондот  во рок од осум дена од денот на засновањето на работниот однос, односно од денот на стекнувањето на својство на осигурено лице врз основа на кое е должен да поднесе пријава за задолжително здравствено осигурување.
  • По престанувањето на основот на  задолжително здравствено осигурување, обврзникот за пресметка и уплата на придонесот е должен во рок од осум дена  да поднесе  одјава од осигурување.

 

Својство на осигурено лице (основи на осигурување) и потребна документација

Според член 5 став 1 и 2 од Законот за здравствено осигурување, постојат следните наведени основи на задолжително здравствено осигурување на осигурениците. За утврдување на секое поединечно својство на осигурено лице, наведени се неопходните документи за евиденција на осигурениците по соодветен основ во подрачните служби.